Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Џонсон: Би било лудо да се опуштиме и да дозволиме нов удар на коронавирусот

0
By Нова ТВ on May 11, 2020 ВЕСТИ
Фото: bbc.co.uk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 11, 2020 09:57

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека во земјата е спречена катастрофа благодарение на рестриктивните мерки. Во обраќањето тој истакна дека е избегнато најлошото сценарио кое се однесувало на пола милион жртви и најави оти планира постепено да ги укине карантинските мерки.

„Не е време неделава да се укинат мерките за карантин. Наместо тоа, ќе ги преземеме првите претпазливи чекори за модифицирање на нашите мерки“, рече Џонсон во синоќешното телевизиско обраќање.

Од денеска, оние кои не можат да работат од дома, ќе можат да одат на работа, а од среда граѓаните ќе можат да минат неопределено време надвор ако се придржуваат кон мерките за физичка дистанца.

„Може да седите на сонце во локален парк, да се возите, дури и да спортувате, но само со членовите на вашето домаќинство“, објасни Џонсон.

Училиштата би можеле повторно да почнат со работа на 1 јуни, а угостителските објекти од јули, во зависност од ситуацијата. Тој додаде дека луѓето што доаѓаат во Британија со авион, ќе бидат испратени во карантин.

Британскиот премиер рече дека, благодарение на напорите и жртвувањата на сите, националниот здравствен систем бил заштитен и спасени се илјадници животи.

„Би било лудост да отфрлиме сè што постигнавме и да дозволиме уште еден удар. Мора да останеме будни. Мора да продолжиме да го контролираме вирусот и да спасиме животи“, рече Џонсон.

Тој најави нов систем за предупредување на ковид 19 за да се следи вирусот. Системот ќе има скала од еден до пет, и колку е повисоко нивото, толку мерките ќе бидат построги. Прво ниво ќе значи дека заразата веќе не е присутна во Велика Британија, а петто ниво е најкритично. За време на карантинскиот период, Велика Британија е во четвртото ниво на тревога, рече Џонсон.

Борис Џонсон Велика Британија Коронавирус мерки
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.