Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Џозеф: Промената на граници ќе има последици за БиХ и Македонија

0
By Нова ТВ on August 29, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, August 29, 2018 10:05

САД наивно веруваат дека со промена на границите на Србија и Косово, конечно ќе се реши овој проблем, оцени во интервју за Радио Слободна Европа Едвард Џозеф, професор на Универзитетот Џонс Хопкинс, а кој бил во повеќе меѓународни мисии на Балканот.

Тој вели дека со изјавите, како оние на Џон Болтон, советник на американскиот претседател Доналд Трамп, дека останува на Белград и Приштина да се договорат, всушност се охрабрува и опцијата за промена на границите.

Џозеф оценува дека идејата за размена на територии како решение ќе добие на замав.

– Друго прашање е дали Белград и Приштина ќе можат конкретно да се договорат кои територии би биле дел од тој договор. Исто така, се поставува многу сериозно прашање, а тоа е дали ќе можат да се превенираат негативните ефекти од таквото решение по БиХ, Македонија и Србите јужно од Ибар. Сметам дека ќе биде потребен дополнителен ангажман на меѓународната заедница, вклучително и Вашингтон, за да се спречат такви последици, оцени Џозеф.

Пораката на Болтон дека Вашингтон не ја исклучува опцијата за територијални корекции доколку Белград и Приштина се договорат, Џозеф ја оцени како најважна изјава на еден американски функционер за овој регион од 1991 година кога тогашниот американски државен секретар Џејмс Бејкер рече дека не е нивни проблем тоа што Југославија се распаѓа.

– Болтон, во основа го повторува истиот став, нагласувајќи дека на САД не им е грижа како Белград и Приштина ќе го решат тоа прашање. Тоа е наивна и кусогледа изјава, затоа што не ги зема предвид последиците од такво решение, истакна Џозеф.

Тој потенцира, дека од друга страна, статус кво не одговара на ниту една страна. Србија не може да влезе во ЕУ, а Косово ни во ЕУ, ни во ОН доколку не биде постигнат меѓусебен договор.

Истакнувајќи дека претседателите на Србија и Косово Александар Вучиќ и Хашим Тачи наводно одржале повеќе приватни средби, Џозеф потсетува дека опозицијата во двете земји се противи на идејата за размена на територии. Тој се осврнува и на терминот кој се користи – територијални корекции.

– Поимот „корекција“ имплицира дека постоела историска грешка, која сега треба да се поправи. Може да се претпостави дека станува збор за територијалната организација за време на Јосип Броз Тито, кога некои општини со српско мнозинство се припиоени кон Косово, а други, со албанско мнозинство, се припоени на Србија, вели Џозеф за РСЕ.

– Тито стравуваше од привлечноста на Косово за Албанија, Македонија за Бугарија, како и Војводина за Унгарија. Тоа е единствена причина зошто Војводина и Косово не добија статус на републики, иако ги имаа сите атрибути, вклучувајќи и интерни граници, истакнува професорот.

Тој оценува дека евентуалната промена на границите би ги охрабрила и останатите на Балканот.

– Голем број Срби во Република Српска не ја доживуваат Босна и Херцеговина како своја земја, ниту чувствуваат лојалност кон престолнината Сараево. Дури и ако Вучиќ и Тачи соопштат дека договорот за промена на границата меѓу Србија и Косово се однесува само на тој случај, што би ги спречило Србите во РС да агитираат за независност?  Зошто нивните сонародници од Косово можат да се приклучат кон Србија, а тие не можат, без разлика на различните околности. Ако РС се отцепи од БиХ, тогаш ќе заминат и Хрватите. Каква ќе биде реакцијата на Бошњаците? Дали ќе дозволат без борба да им се распадне земјата? Станува збор за сериозни компликации, предупредува Џозеф.

– Исто се однесува и на Албанците во Македонија. Исто така, во таа варијанта Косово, неизбежно би се обединило со Албанија. Значи, промената на границата на Косово и Србија веднаш негативно би се одразила и на малцинските права. Ги спомнувам Србите јужно од Ибар, затоа што би престанал да важи планот на Марти Ахтисари, кој почива на претпоставката дека во Косово постои значително српско малцинство чии права треба да бидат гарантирани, истакна Џозеф во интервјуто за Радио Слободна Европа.

Болтон Едвард Џозеф Косово промена на граници Србија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.