Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ди Мајо: Отворањето на преговорите не смее да се забави, без разлика на методологијата

0
By Нова ТВ on February 11, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Без разлика дали станува збор за стара или нова методологија на преговарање, отворањето на преговорите не смее да се забави, бидејќи тука се работи само за политичка волја, порача денеска шефот на италијанската дипломатија, Луиџи ди Мајо. Тој денеска престојува во Скопје, а на заедничката прес-конференција со шефот на дипломатијата, Никола Димитров нагласи дека би било амбициозно да дава гаранција за динамиката на новата методологија.

„Да ја гарантираме брзината со која ЕУ ќе се движи е многу амбициозна работа. Ние сме 27 држави, сите треба да одлучат, но нашата заложба е сето тоа да биде што побрзо – за новата методологија и за отворање на преговорите. Дали методологијата е стара или нова, сепак, клучната точка е дека не смее да се забави отворањето на преговорите, бидејќи тука се работи само за политичка волја“, рече Ди Мајо и додаде дека доколку земјите кои се основачи на ЕУ се обединети и компактни значи дека може да започне едно ново поглавје за граѓаните на Северна Македонија.

Димитров се надоврза дека би било прехрабро да се даде прогноза, имајќи ги предвид искуствата од јуни во 2018 година и јули и октомври лани.

„Ние мора, како што вика народот, сега да дуваме и на јогурт. Елементите за заеднички успех се тука. Се чини дека методологијата овозможи позитивни сигнали за придвижување на целиот процес. Следи извештајот од Комисијата и за двете досиеја и за македонското и за албанското и мислам дека ќе биде неверојатно крупна стратешка грешка ако таа шанса не ја зграпчиме и ние во регионот, меѓутоа и самата Европска унија“, додаде Димитров, кој напомена дека денеска е историски ден за земјата со оглед на ратификацијата на Протоколот за членство во НАТО во Собранието.

Разочарувањето што не добиввме датум за преговори во октомври, го претвориме во нов мотив за сите чинители во државата да работат понапорно и попосветено на нашето реформско досие, рече тој и се заблагодари за континуираната поддршка на официјален Рим во однос на остварувањето на стратешките цели  – членство во НАТО и во ЕУ.

ЕУ Луиџи ди Мајо Методологија Никола Димитров преговори членство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.