Гласачкото право до 19 часот го искористиле 830.370 граѓани или 45,77 од запишаните во Избирачкиот список, објави вечерва Државната изборна комисија. Ова се бројки според обработени податоци од 3.463 избирачки места.
Според податоците што ги објави портпаролот на ДИК, Адмир Шабани, најголема излезност има во четвртата изборна единица – 53,24 проценти, а најмала и натаму е шестата изборна единица со 35,49 проценти.
Излезноста во втората изборна единица до 19 часот е 43,04 отсто, во третата е 51,52 отсто додека во петтата е 44,89 отсто.
По првпат годинава поради пандемијата гласањето е продолжено за два часа од вообичаеното, односно ќе се гласа до 21 часот.