Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДИК одлучи: Ќе се прегласува на едно избирачко место во ИЕ 6

3
By Нова ТВ on December 16, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 16, 2016 17:03

Со шест гласа  за и три против, членовите на Државна изборна комисија го усвоија приговорот на БЕСА и донесоа одлука да се прегласа во гласачкото место 0396/1 во Гостивар.

Оваа одлука на ДИК доаѓа, откако графологот кој го вештачеше потписот на Фатиме Сулејмани и потврди дека некој гласал наместо Сулејмани.

Против прогласување гласаа членовите предложени од ВМРО-ДПМНЕ Силвана Бонева и Сашко Срцев и независниот член Атанас Урумов.

Во неделата на ова избирачко место гласале 450 од запишани скоро 900 гласачи. Разликата во целата 6-та изборна единица е 306 гласа, а во ова гласачко место СДСМ води пред ВМРО-ДПМНЕ со 102 наспроти 74 гласови.

Со прегласување во избирачките места во оваа изборна единица, СДСМ ако добие повеќе гласови може да му земе еден пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку, Основното јавно обвинителство – Гостивар по допрен глас денеска оформил предмет и за наводите изнесени на вчерашната седница на Државната изборна комисија за гласањето на изборното место 0396/1 во Гостивар, за тврдење на едно лице дека му било оневозможено правото да гласа бидејќи некој претходно гласал во нејзино име, соопштија од јавното обвинителство.

„Надлежниот обвинител ги проверува наводите на гласачката во врска со дадените тврдења, односно дали таа била оневозможена да гласа затоа што претходно некој во нејзино име се потпишал во избирачкиот список или дали таа претходно сама го реализирала нејзиното право на глас. Предмет на проверка е и дали некој ги употребил нејзините документи со нејзина дозвола“, пишува во соопштението на обвинителството. ​

Вчера на седница на Државната изборна комисија, на која се разгледуваа приговорите поднесени од политичката партија, претставник на БЕСА образложи дека партијата поднела приговор затоа што на избирачко место во Гостивар  на еден гласач му било оневозможено да гласа, затоа што веќе некој гласал во нејзино име.

„Кoгa oтидoв дa глaсaм ми рекoa декa не мoжaм дa глaсaм, зaтoa штo нa мoетo местo веќе имaлo пoтпис. Тoa не беше мoјoт пoтпис”, рече Фатиме Сулејмaни пред ДИК.

Членoвите нa избирaчкaтa кoмисијa пред ДИК сведочеа дека декa пoтписoт нa избирaчкиoт списoк се сoвпaѓaл сo oнoј вo личнaтa кaртa нa женaтa.

Дик прегласување приговори Фатиме Сулејмани членови
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 29, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

ВЕСТИ July 29, 2026

Претседателот на Собранието при утврдување на дневниот ред на седницата не го предложи законот за…

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026

Стоп за законска перална за пари: Граѓанската платформа за борба против корупција реагира на Предлог-Законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“

July 29, 2026

Москва: Русија издаде меѓународна потерница за основачот на Телеграм Павел Дуров

July 29, 2026
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.