Членовите на Државната изборна комисија, на вчерашната седница одлучиле писмено да побараат од Кривичниот суд поажурно да ги изготвува уверенијата за неосудуваност на кандидатите за пратеници.
Од ДИК засега не кажуваат дали проблемот со издавањето на овие уверенија може да го опструира целиот изборен процес.
Кандидатските листи, комисијата ќе ги разгледува во сабота, а за оние што не се комплетни може да им даде рок од 48 часа да ги отстранат неправилностите.
Вчера СДСМ и Либерална партија реагираа дека судот намерно не сака да ги издаде одобренијата, а со тоа се обидува да го сруши изборниот процес.
Од Кривичниот суд на ова реагираа дека кандидатите за пратеници доцна ги поднесуваат барањата и дека се сакаат преку врски да завршат.