Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димитров денеска ќе го извести Коѕијас дека Договорот е ратификуван

1
By Нова ТВ on June 20, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерството за надворешни работи денеска ќе испрати нота до грчкото МНР дека Договорот е ратификуван во Собранието, потврдија за НОВА владини извори.

Потоа грчките власти ќе достават известување до Европскиот совет дека повеќе нема пречки за евроинтегративниот процеси во земјава.

Во меѓувреме, претседателот на Собранието Талат Џафери го потпиша и го достави Законот за ратификација на Договорот на потпис кај претседателот. Иванов има рок од седум дена да одлучи дали ќе го потпише Договорот, но во овој случај неговиот потпис нема да го пролонгира известувањето од Грција до ЕУ.

Ѕанакопулос: Нова демократија и ВМРО ДПМНЕ играат на погрешна карта

Портпаролот на грчката Влада Димитрис Ѕанакопулос на денешниот брифинг оцени дека со Договорот потпишан во Преспа, двете земји започнуваат нова ера на пријателство и соработка во меѓусебните односи и на Балканот како целина.

Димитрис Ѕанакопулос

-Парламентот на соседната земја со денешната ратификација, го презема првиот од чекорите за стапување на сила на овој Договор. Во овој Договор меѓународната заедница застана на страната на двете земји, кои ставија крај на судирот што многу ги чинеше двете земји. За грчката Влада, Договорот претставува акт на оговорност и патриотизам која ја враќа историската реалност и одговара на потребите на грчкиот народ, кој во најголем дел отсекогаш сакал мирен соживот и соработка со сите балкански земји, изјавил Ѕанакопулос, пренесе грчката државна телевизија ЕРТ.

Тој додаде дека потписниците на Договорот имаат заедничка основа и заеднички аргументи, додека Нова демократија и ВМРО ДПМНЕ, како што рече, не само што ја игнорираат својата историска одговорност за тоа што го оддолжувале проблемот, туку денес, под влијание на десничарските групи во нивните редови, се обидуваат да одиграат на својата последна карта: картата на поделба на наводни патриоти и предавници.

Ферид Мухиќ не дојде на седницата 

Собранието со  69 гласови „За“ го ратификуваше Договорот со Грција. Пратениците на ВМРО ДПМНЕ не беа во салата кога се гласаше и не усчетвуваа во дискусијата за да не бидат дел од „носењето на штетен и капиталантски договор за Македонија“

Ферид Мухиќ

Во салата не беше ниту пратеникот од владеачкото мнозинство Ферид Мухиќ. Мухиќ вчера гласаше против предлогот за Договорот да се гласа по скратена постапка. Тој рече дека гласал „против затоа што бил против Договор со Грција – став што не го променил 27 години“.

Парламентарното мнозинство со аплауз го поздрави веста што ја соопшти премиерот Заев пред самото гласање  дека Североатлантскиот совет донел политичка одлука, поканата за НАТО за Македонија да биде ставена на дневен ред на самитот.

Од ВМРО ДПМНЕ не присуствуваа на седницата и најавија дека ќе побараат толкување од Венецијанската комисија за за утврдување на правната природа на истиот договор.

Заев, во воведното обраќање рече Договорот го гарантира македонскиот јазик и идентитет кои сега ќе бидат признати од целиот свет. Тој ги повика граѓаните да го подржат Договорот.

-Европското семејство не проифаќа како Македонци. Добиваме уште еден пријател и стратешки партнер, ја гарантираме стабилноста и безбедноста на Макеоднија, го отвораме патот кон ЕУ и НАТО. Се остварува стремежот на предците да бидеме признаени од сите како Македонци кои зборуваат македонски јазик. Ова е историски чин со која Македонија и граѓаните добиваат шанса, рече премиерот Зоран Заев.

 

 

Данев Договорот со Грција Заев Ѕанакопулос МНР џафери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.