Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димитров: Феноменот на „лажни вести“ мора сериозно да го сфатиме

0
By Нова ТВ on August 23, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 23, 2018 10:16

Министерот за надвореши работи Димитров неделава беше во тридневна посета на Вашингтон. Во Стејт департментот вчера тој оствари официјална средба со државниот секретар Мајк Помпео, а имаше низа средби и во Сенатот и во Белата куќа. Во понеделникот тој се срeтна со републиканскиот сенатор Боб Коркер, а денеска во Сенатот и со Џен Шахин и Џим Риш, членови на Комитетот за надворешни работи. Средба имаше и со Мира Рикардел, заменик-советник за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп.

-Основната порака е едно големо охрабрување. Тајмингот на посетата е многу индикативен. Во ноември минатата година jас се се сретнав и со претходниот државен секретар Рекс Тилерсон. Тоа што оваа средба се одржа непосредно пред почетокот на кампањата за референдумот, закажан за 30 септември, е порака дека Америка стои зад евроатлантскиот пат што Македонија го избра, дека го поддржува затворањето на последното билатерално прашање на Македонија- Договорот со Грција, потпишан во Преспа. Дека ги поддржува нашите стратешки заложби за влез во НАТО, и дека тоа е добро за регионот, за нас, за американските интереси, кои, пред се, се стабилност на Балканот. Едно големо охрабрување, тоа беше главната порака, вели Димитров во интервју за МИА од Вашингтон.

Во врска со референдумот и се почестите лажни вести кои се појавуваат уште пред официјалниот почеток на кампањата, Димитров вели дека тоа е феномен што го обременува целиот свет и дека на долг рок многу е важно да се зголеми медиумската писменост.

-Ние сме плодно тло за лажни вести, не само во Македонија, туку воппшто на Балканот. Сакаме теории на заговор. Ова е еден голем предизвик за нашата демократија, бидејќи луѓето мора да одлучуваат врз основа на информации. Ако граѓаните не се информирани, не функционира демократијата. Затоа многу е важно сериозно да го земеме овој феномен. И тоа не е обврска само на државата и Владата, туку и на медиумите, новинарите, невладините организации, истакнува Димитров.

Во контекст на случувањата во Грција пред извесно време, на прашањето, дали Владата има стратегија да се спротивстави на обидите на Русија да се меша и влијае врз референдумот одвнатре, Димитров истакнува дека ставот на Македонија за НАТО и ЕУ е јасен, дека процентот на поддршка варира, меѓутоа секогаш е од две третини до три четвртини од граѓаните сметаат дека е ова е добро за Македонија.

-Во регионот мислам дека имаме доволно маки и не треба Балканот да биде поле за натпревар на други сили. Регионот е како остров опкружен со ЕУ и  НАТО членки. Тоа треба да се земе в предвид. Многу е важно во овој деликатен период институциите да бидат многу внимателни. Како што реков предмалку, многу е важно граѓаните да ги препознаваат лажните вести, да размислат добро и да внимаваат, да препрочитуваат. Бидејќи очигледно е дека лажните вести се оркестрирани. Не знам дали доаѓаат од еден центар, меѓутоа често има пораки што таргетираат ранливи места. Таргетираат меѓуетнички односи, разгоруваат омраза. Мора да се соочиме со таа реалност и да работиме секој ден во справување со овој предизвик, додава Димитров, кој вели дека со Стејт департментот има одлична соработка во многу области кои вклучуваат и зајакнување на административните капацитети на нашата Влада и на Министерствата, но и вклучително во однос на ова прашање.

 

Димитров лажни вести референдум Русија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.