Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димитров: Како Македонци ќе влеземе во НАТО и ќе чекориме во ЕУ

0
By Нова ТВ on September 22, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нашата иднина зависи од нас самите како ретко кога досега во историјата. По 27 години го најдовме патот до Европа и како Македонци ќе влеземе во НАТО и како Македонци ќе чекориме во ЕУ, нагласи министерот за надворешни работи Никола Димитров во центарот на Прилеп на трибината со граѓаните насловена „Излези за европска Македонија“ нагласувајќи ги придобивките за земјата од членство во двете организации.

„Ако успее овој процес, државата и институциите ќе бидат Република Северна Македонија. Државјанството ќе биде македонско, со коса црта граѓанин на Северна Република Македонија. Народот ќе биде македонски заедно со сите наши сограѓани кои се дел од другите народи. Јазикот ќе биде македонски. Ќе биде официјален јазик на 500 милиони луѓе. Досега со ЕУ немаме потпишано ниту една хартија со македонски јазик поради овој проблем. Затоа е афирмација. И мене не ми е пријатно што ова мораше да се реши за да го најдеме тој пат ама во тоа е одговорноста. Како Македонци ќе влеземе во НАТО и како Македонци ќе чекориме во ЕУ. Минатото е важно, но не можеме да го смениме, туку само да научиме лекции, а иднината е таа која може да ја промениме“, рече Димитров.

Според Димитров, придобивките за членството во НАТО за околу една година и во ЕУ се големи и значат соочување со проблемот, поглед во иднината и грижа за младите генерации како и патриотска храброст.

Димитров истакна дека членството ќе значи дека Македонија ќе биде предвидлива, стабилна и цврста држава, а инвестициите ќе растат. На пример, како што рече, Црна Гора, од 96 милиони евра инвестиции од јануари до јуни лани, годинава има 215 милиони евра инвестиции.

„Македонија може да успее ако ја направиме успешна. Младите луѓе мора да знаат дека овде може да се успее, а не во Германија, Италија, во Холандија. Тоа нема да биде лесно, ниту преку ноќ, главната работа треба ние да ја завршиме, но ќе го „фатиме возот и ќе ги имаме шините“. Знаеме дека сакаме европска Македонија, не сме таму, ама секој успех почнува со првиот чекор и со визија каде сакаме да бидеме во Европа со повисок стандард, повисоки плати, чесност, ефикасни судови, правда и еднакви можности“, рече Димитров.

Како што истакна, за 30 септември нема никакви оправдувања, тој ден е влог во иднината на нашата држава, за нас и за нашите деца и родителите.

„Слушнав дека во партијата ДПМНЕ немаат став. Тоа е бегање од одговорност, особено што станува збор за партија која од 2005 година се залага за референдум. Сега имаме решение за проблемот, на маса е, има референдум, а нема став. ДПМНЕ нема став, ќе видиме дали ВМРО има став. Ова прашање не е партиско, не е за Владата, ниту за Собранието, ниту за градските власти. Ова е прашање за државата и за сите нас“, нагласи Димитров.

Според министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, ова е историски момент во кој Македонија ќе се дели на два периода: на пред и после референдумот. Денеска е моментот кога мораме Македонија да ја направиме дел од европското семејство и семејството на НАТО.

„По 30 септември нè очекуваат многу битки, за менување на нашиот начин на размислување, на начинот на живот, но заедно ќе дочекаме Македонија да биде дел од НАТО и од ЕУ. Како членка на НАТО, ќе гарантираме безбедност и трајно ќе го гарантираме територијалниот интегритет на Република Македонија, трајно ќе ги гарантираме границите на државата и најважно од се, ќе ги затвориме сите отворени прашања во овие 28 години“, рече Спасовски.

По 30 септември, порача тој, ќе нема место за националромантичари во македонската политика, ниту место за луѓето кои ќе градат политика на штета на народот затоа што сите преку НАТО ќе бидат гарант на стабилноста и на безбедноста. Спасовски повтори и дека на Мицкоски и за ВМРО-ДПМНЕ не им бил спорен договорот, туку важна им била амнестијата на Груевски и неговата компанија.

„Ако некој смета дека треба да уценува со излезност на референдумот за да се пазариме за амнестијата на криминалци, нема амнестија за никој. Ниту за тие што биле, ниту за тие што се сега на власт, зашто тоа е европска вредност. Затоа, Македонија со реализацијата на овој сон ќе застане на цврсти нозе, ќе се гарантира државноста, ќе изградиме систем, квалитетно здравство, развој на економијата, квалитетно образование, писмена нација која со знаење и со ум ќе ја гради Македонија“, додаде Спасовски и нагласи оти ниту еден глас не може и не смее да биде злоупотребен.

На денешната трибина во центарот на Прилеп за придобивките од членството во ЕУ и НАТО и за потребата да се излезе на референдумот на 30 септември говореа универзитетскиот професор Никола Дујовски и прилепскиот градоначалник Илија Јованоски.

Никола Димитров Оливер Спасовски Прилеп референдум трибина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.