Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димитров: Вонредната состојба е плодно тло за ширење лажни вести

0
By Нова ТВ on April 8, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

НАТО преку својот механизам за помош на некој начин има улога на координативен центар меѓу барањата и потребите на земјите членки во справувањето со ковид-19, порача шефот на дипломатијата Никола Димитров, кој во емисијата „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ меѓудругото говореше и за неговото прво полноправно учество на состанок на Алијансата, откако Северна Македонија и официјално стана 30. членка.

Тој потсети дека првата помош за земјава во таа смисла пристигнала од Норвешка, механичките респиратори, а за денеска попладне во Скопје е најавен авион со помош од Турција.

„Претходно Унгарија, Словенија, САД, Холандија дадоа помош во здравствениот систем. ЕУ излезе со пакет од 400 милиони евра за Западен Балкан, околу 70 милиони за нашата држава, за економските последици“, изјави Димитров.

Димитров изрази задоволство затоа што 20 години е дел од патот кон Алијансата, а сега првпат разговарал со останатите 29 колеги, не за македонската кандидатура туку за други светски проблеми. Солидарноста, односно борбата против вирусот Ковид 19 е еден од тие глобални проблеми.

Министрите во рамките на НАТО зборувале и за борбата против лажните вести, а Димитров побара будност и внимателност од граѓаните бидејќи во вонредна состојба, плодно е тлото за ширење на лажни вести.

„Литванија понуди конкретна помош, една од државите кои има искуство при справувањето со лажните вести. Не е едноставно справувањето со овој феномен, бара будност и внимателност кај граѓаните, институциите, новинарите. Сè што ќе прочитаме не е точно, мора да се препровери особено во ваква една вонредна состојба кога е плодно тлото за лажни вести. На пример денот кога САД го ратификуваше Протоколот за Северна Македонија, на социјалните мрежи имаше разни небулози околу 5Г мрежата, некаков обид да се покрие убава вест“, посочи министерот.

Тој соопшти дека иницирал заедничко писмо со министрите за надворешни работи од регионот, Западен Балкан да биде изземен од посебниот режим за извоз на заштитни маски и скафандери.

„Никој не знае колку точно ќе трае пандемијата и мислам дека со тек на време ќе се зголеми и солидарноста. Овој вирус не можеме да го стопираме во една држава и така да го прекинеме. Ќе мораме како регион, континент и човештво да си помагаме за да ставиме точка на оваа вонредна состојба. Ги зајакнуваме домашните капацитети за заштитни маски. Ако ги задоволиме нашите потреби, зошто да не помогнеме и надвор“, изјави Димитров.

Билатералните односи со соседна Бугарија, односно развивање на пријателството и оттргнување на сите идентитетски предизвици, ќе бидат последниот процес од затворањето на македонското прашање, смета министерот за надворешни работи. Тој потенцираше дека НАТО и ЕУ се двата големи меѓународни субјекти кои помагаат во тоа.

„Последниот процес од затворање на македонското прашање ќе бидат билатералните односи и развивање на пријателството со Бугарија, на начин да ни ги тргне сите идентитетски предизвици. Процесот почна со Договорот за добрососедство и од наша и од нивна перспектива мора да се почитуваме вредностите на другиот. НАТО членството вели дека ќе има држава на оваа територија, а почетокот на ЕУ ќе ни помогне да си ја средиме куќата дома и со средување на односите со Бугарија, ќе завршиме суштинска и историска мисија“, рече Димитров.

МНР заклучно со вчера има посредувано при враќањето на 2.479 граѓани, а в петок ќе се враќаат граѓани од Франција и Белгија, а преку Бугарија уште 35 Македонци од Абу Даби.

„Темпото на оваа операција мора да биде сразмерно со капацитетот на државниот карантин. Нема да престанеме со овие напори, приоритетно беше да се помогне на луѓето во најочајна состојба. Ќе продолжиме да ги користиме транзитните рути преку Грција и Бугарија. Имаме многу студенти во Турција. Дел имаат решена ситуација, дел не, и имаме операција, ги евидентираме и со тек на време гледаме да видиме кој сака да се врати во државата. Ниту една земја нема вакво искуство, секое министерство за надворешни се соочува со нешто што претходно не се случувало. Се прават организации, си помагаме“, потенцира Димитров.

вонредна состојба Коронавирус лажни вести НАТО Никола Димитров помош Солидарност
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.