Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димова: Злоупотреба на 2,2 милиони евра од „Еразмус+“ со наместени тендерски документи

0
By Нова ТВ on June 8, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 8, 2020 13:44

Случај на измама и корупција од 2,2 милиони евра од средствата на образовната програма „Еразмус плус“ на Европската Унија наменета за Република Северна Македонија што која била организирана и спроведувана од 2016 до 2018 година, обелодени денеска на прес-конференција Лидија Димова, директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Централната точка на шемата се неколку правни лица кои дејствуваат како злосторничко здружение што, според Димова, дејствувало на начин што прво им приоѓало на сите потенцијални корисници на програмата „Еразмус+“, кои може да бидат сите установи, како градинки, училишта, стручни установи, универзитети, невладини организации, младински организации итн. Им нуделе услуги за пишување проекти, а потоа, откако проектите се добивале од Националната агенција, низ процес на, како што рече, наместени јавни набавки, почнувала да се спровдува целата шема.

Злосторничкото здружение потоа ја работело тендерската документација и во неа вметнувало, рече таа, необјасниви и дискриминирачки услови за да можат исклучиво тие да ги добијат проектите.

„На пример, од економскиот оператор се бара да има склучено догoвори со партнерските организации каде што ќе се оди на мобилност. Да потсетам дека овие ентитети кога ги добиле проектите веќе имаат договор со овие организации, така што единствено објаснување зошто ова се наоѓа како услов во тендерската документација е да се исфрли од игра секоја друга конкуренција. Потоа организацијата го добива тендерот и тоа не тендер под одреден износ, туку целиот. Онака како што го добива од Националната агенција, така го префрлува кај злосторничкото здружение и тоа е флагрантно кршење на правилата на „Еразмус“, рече Димова на прес-конференцијата симболично насловена „Пирамидата во Еразмус“.

Наместо средствата да служат за градење на капацитетите на корисниците на оваа европска образовна програма, тие, рече Димова, одат директно во џебовите на злосторничкото здружение. Притоа цело време се случувала, како што рече, ужасна злоупотреба и на лични податоци зашто тие имале неограничен пристап до нив.

„Со други зборови, тие се извршители на проектот во сенка. Злосторничкото здружение ги надминува границите на Република Северна Македонија и веќе зазема европска димензија. Станува збор за осум организации во пет различни држави. Ако ги погледнете сите проекти во Македонија, ќе видите дека сите одат на исти мобилности низ Европа“, соопшти Димова.

Со откривањето на случајот биле направени проверки на местата во странство со помош на нивни колеги од другите национални агенции за оваа образовна програма на ЕУ и за тоа таа особено им се заблагодари на агенциите на Бугарија, Естонија, Шпанија, Италија и Португалија.

Рече и дека има уште многу други злоупотреби, но не ги открива во корист на истрагата. Случајот по основ на сторени повеќе кривични дела е пријавен во Јавното обвинителство, како и во Европската комисија, Комисијата за заштита на конкуренцијата, а се подготвува претставка и до Дирекцијата за заштита на лични податоци.

На крајот од прес-конференцијата директорката на Националната агенција за европски образовни програми додаде и дека „сега е многу појасно од каде произлезе политички оркестрираниот напад на ВМРО-ДПМНЕ против Националната агенција“ која, како што рече, во последните две години напорно работи и постојано дава нови резултати.

Еразмус злоупотреба Лидија Димова Национална агенција Образовни програми програма тендери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.