Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димовски нема да закаже седница на ДИК додека не се договорат партиите

0
By Нова ТВ on July 9, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Неделава треба да почне собраниската процедура за избор на новиот состав на Државната изборна комисија, но, се уште е неизвесно дали и кога претседателот на собраниската Комисија за избори и именувања Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја закаже седницата.

Вчера тој за повеќе медиуми изјави дека нема да закаже седница на Комисијата, која е надлежна за изборот на членовите на ДИК, додека  партиите не се усогласат и не дадат зелено светло.

Во спротивно, потенцира, ако тој ја почне постапката без дадена согласност од партиите, процесот нема да успее и оти ќе треба целата постапка да оди од почеток, со нов оглас, нов рок за кандидатури што би се изгубило дополнително време.

ВМРО-ДПМНЕ неодамна преку портпаролот Наум Стоилковски порача дека за да гласа за ДИК, најпрво треба да бидат донесени законот за финансирање на партии и законот за Влада, бидејќи, според партијата, тоа било договорено пред ВМРО-ДПМНЕ да се врати во македонскиот Парламент и да даде поддршка за реформските закони.

На ваквиот став реагираше СДСМ, од каде истакнуваат дека опозицијата намерно го блокира процесот и го одовлекува изборот на ДИК и секојдневно додава нов услов за поддршката во преговорите.

Рокот за формирање на нова Државна изборна комисија истече на 29 јуни. Новиот состав ќе има шестмесечен мандат и ќе биде задолжен за референдумот, кој премиерот Зоран Заев го најави за крајот на септември или почетокот на октомври годинава.

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери се надева дека опозицијата нема да го кочи изборот на членовите на Државната изборна комисија од која зависи и одржувањето на референдумот.

– Првпат се случува Комисијата за избори и именувања да ја води опозицијата. По завршувањето на изборите во 2016, компромисно се договоривме и пруживме рака како мнозинство, да покажеме дека имаме верба во опозицијата. Со сето ветување од опозицијата дека нема да се искористи за опструкција таа Комисија, гледаме дека во пракса не е така, рече Џафери во петокот во емисијата „Уреднички брифинг“ на 1ТВ.

Изборот на ДИК не може да помине без согласност и гласање на опозицијата, со оглед на тоа што е потребно двотретинско мнозинство во Собранието.

Огласот за нов состав на ДИК заврши пред две недели, а се пријавија 41 кандидат. Рокот до кога треба Собранието да го избере новиот состав на ДИК е 17 јули.

Дик Димовски комисија седница Собрание состав
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.