НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димовски прашува, Заев одговара – Законот за јазиците во фокусот

0
By Нова ТВ on November 24, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Зоран Заев и членовите на Владата на денешната седница во Собранието, за прв пат се соочуваат со прашања од новиот парламентарен состав.

Прв кој ги постави прашањата до новиот претседател на Владата, беше координаторот на една од пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, Илија Димовски.

Димовски упати три прашања кои ги посочи кон Заев. Првото се однесуваше за Законот за јазиците, односно зошто Владата ставила европско знаменце на Законот, потоа враќањето на 15 отсто данок и третото, како што рече Димовски, за кадровските решенија и нееднаквоста при пристапот на граѓаните до државните институции.

– Зошто има европско знаменце на Законот за јазици? Законот има многу дефекти и е надвор од Уставот и е спроти правата на Турската, Бошњачката, Влашката заедница и другите. Ако го немаше знаменцето, кое го доставува на таков начин Владата, ќе можеше да ги исправиме аномалиите во Собранието. На пример во мојот град Велес, албанската заедница е четврта пред Бошњачката како втора, а која нема да ги има истите права како и Албанците. Албанското знаменце значи ограничување на дискусијата. Зошто европско знаменце?, праша Димовски.

Во своето образложение, Заев одговори дека овој закон е важен согласно декларациите на ЕУ за ширење на европските вредности и европеизацијата на Македонија.

– Ако немаме разбирања за нашите различности, тешко дека ќе ги спроведеме реформите за судството, за тајната полиција, за медиумите и за другите реформи, рече Заев меѓу другото.

Димовски на ова побара подетален одговор бидејќи како што рече тој, Владата ставила знаменце на закон кој не се присликува од ЕУ.

– Нема потреба да бегате од дебата, а со знамето се ограничува дебатата. Ќе трчаме по потребите и интересите на политичките партии или по интересите на нашите граѓани? Вие имате ваши критичари блиски до вас, ккао и критиките од другите етнички заедници. Ако како што велите вие носите живот за сите, тоа не значи живот само за нашите сограѓани Албанци, искоментира Димовски.

По ова, Премиерот одговори дека европското знаменце е ставено бидејќи Владата се повикува на Европската конвенција за употреба на јазиците.

– Мислам дека ова е еден од законите кои најмногу се коментирале во историјата на Македонија. Прв пат премиер јавно и транспарентно го објасни овој закон. Апсолутно сум свесен дека треба да одиме напред и да се растеретиме од предрасудите за етничките заедници. Има институции на државата, и меѓународни институции кои можат да не корегираат ако грешиме. Само низ дебата може да дојдеме до растеретување за прашањата за ова мултиетничко општество во кое живееме, посочи тој.

Во однос на повратокот на данокот кај граѓаните, на прашањето на Димовски, зошто Владата немала предвидено средства во Буџетот, Заев рече дека целиот систем бара прецизна обработка, но дека истиот очекува целосно да се импплементира во 2019 година.

– Системот изискува соодветна подготовка. Во втората половина во 2018 во два региони сакаме да спроведеме практичен примерок и во 2019 да влеземе со целосно имплементирање за повраток на ДДВ. Уверен сум дека ова ќе даде резултат но сакам да се имплементира во соодветна постапка. Знам дека ќе има можност со овие 15 отсто од повратокот на данокот околу 50 отсто од наплатата да биде вратен кон граѓаните, а 50 отсто да се зголеми приходот на буџетот. Се работи за вбризгување на огромни пари кај граѓаните кои ќе ги зголемат приходите кај нив и убеден сум дека помеѓу 25000 до 30000 денари ќе влезат во семејствата. Сакаме овие два региони да дадат резултат за да видам како ќе функционира, образложи Заев меѓу другото.

Димовски не беше задоволен од одговорот, по што му посочи на премиерот дека новата влада ги зголемувала давачките кај граѓаните иако декларативно се залагала за подобра економија.

Но по ова, Заев потенцираше дека единствената давачка која сегашното државно раководство ја зголемило, била акцизата за нафтата.

– Единствена давачка која е зголемена е акцизата. Сите овие пари се насочени за исплаќање на долгови кои се наследени, а се мегаломански. Ние сме имале долгови кои апсолутно биле непотребни. Долгови за згради, споменици, музеи и други глупости. Се обидуваме не секогаш преку кредити да ги плаќаме долговите. Апсолутно ова што се работело пред нас не било потребно во Македонија. Државата нема таков капацитет да троши повеќе од 700.000.000 евра на згради и бронза, се надоврза Заев.

Последното прашање кое го постави координаторот на пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, се однесуваше на кадровските промени во владините институции, а за кои Димовски побара од Заев да наброи најмалку пет за кои јавноста реагирала, по што претседателот на Владата, рече дека единствено што досега не направил а можеби требало е промена на раководни лица од ВМРО-ДПМНЕ.

– Денеска ако треба прецизно да набројам тоа се несменети началници и раководители на ВМРО-ДПМНЕ…реткост е во Македонија да се зборува вака транспарентно оти претходно Груевски не даваше прашина да му се крене на главата на неговите кадри…уУште сега има многу непартиски луѓе и од универзитетите и од граѓанските организации и ги има во институциите насекаде и тоа е нотирано од европските извештаи.  Нас не не интересира припадноста туку капацитетите на кадрите и ние ќе продолжиме по тој пат. Ако се појавиле несоодветни луѓе, тоа ќе биде корегирано. Апсолутно нестручни луѓе нема да останат во институциите, порача премиерот.

Зоран Заев Илија Димовски парламент пратенички прашања Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.