Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димовски: Се прават списоци на гостите кои доаѓаат кај опозицијата

0
By Нова ТВ on May 2, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 2, 2018 13:50

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски од собраниската говорница  обвини  дека гости во Собранието кои доаѓаат на средба со него, со лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села и со лидерот на Движењето Беса Африм Гаши, се праќа по други институции и е предмет на посебна анализа.

„  Има список – кој дошол на средба со Димовски, со Тунтев, со Гаши, со Села. Она што е фрапантнои зачудувачко е што имаме потврда од институции каде дел од тие луѓе работат дека таквиот список од Собранието се препраќа во тие институции кај што работат дел од луѓето кои дошле на средба со пратеници кои не се дел од владејачкото мнозинство. Под посебна анализа се гостите кај Села, Гаши, Никола Поповски, Антонио Милошоски, кај мене и кај други пратеници од опозиционата ВМРО-ДПМНЕ. Не барам да се преземе нешто, го знам наравот и причините, желбите и мотивите за ова. Мојата цел беше да ја информирам македонската јавност за тоа каков тоталитарен систем постои во ова Собрание. Кој го одобрил, кој го спроведува, има медиуми нека истражуваат“ рече Димовски.

Претседателот на Собранието Талат Џафери му порача на  Димовски да не ја дезинформира јавноста и ако има  било какви информации да ги пријави кај надлежните.

„Собранието е дом на граѓаните и секој е добредојден но може да влезе внатре само врз база на соодветна процедура. Ова и лани го кажав. На сила е правилникот за внатрешен ред во Собранието донесен пред неколку години. Укажувам уште еднаш до сите граѓани кои не работат во Собранието, без разлика каде работат и што работат, мора да има евиденција во Собранието кој влегува и каде оди, не за да се води некаква кампања, туку за да имаме сознанија кој влегува и кој излегува од Собранието“ рече Џафери.

Димовски опозиција Собрание џафери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.