Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски денеска дојде на распит во Специјалното јавно обвинителство во врска со случајот „Талир“.
Пред да влезе во обвинителството, Димовски рече дека бил викнат поради гласните дискусии во Собранието што некому тоа очигледно му пречело.
Претходно на распит во СЈО се појави и Иво Котевски кој рече дека СЈО е продолжена рака на СДСМ.
Во овој случај на СЈО осомничени се 11 лица за перење пари од кои 9 лица како директни извршители и 2 како помагачи. Како што кажаа од СЈО осомничен е лидерот на партијата Никола Груевски и сите генерални секретари во партијата од 2009 до 2015 година.
Осомничени се и директорите на центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.
Овој центар долги години го водеше пратеникот Илија Димовски, кој е еден од осомничените во овој случај, а неговата работа во 2015 година ја презема Иво Котевски.