Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Дневник“ и „Утрински“ ќе штрајкуваат, „Вест“ не се солидализира

0
By Нова ТВ on February 2, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 2, 2017 12:46

Извршниот одбор на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници -ССНМ и синдикалните претставници на синдикалните групи на ССНМ во редакциите на дневните весници на Дневник и Утрински Весник на Медиа Принт Македонија ДООЕЛ – Скопје донесе одлука за стапување во штрајк.

„Откако на сите обиди за средба и преговори на вработените за исплата на плата за декември не само што не е одговорено туку вработените веќе не се ниту здравствено осигурени, тие решија и формално да ја започнат процедурата за штрајк“, пишува во соопштението на Самостпјниот синдикат на новинари и медиумски работници.

Проблемот со платите на вработените во МПМ тлее неколку месеци, Синдикатот се обидуваше да најде заеднички јазик со раководството, меѓутоа и покрај сите заложби и ветувања од негова страна, многу малку беше направено да се излезе во пресрет на нашите членови и затоа револтот резултираше со одлука за штрајк.

На вработените во наведените медиуми досега им беа намалувани платите под изговор дека економската состојба во земјата е лоша. Притоа компанијата не понуди доказ дека се намалуваат надоместоците и за менаџерскиот тим. На сите средби со раководството ССНМ постојано предупредуваше дека паѓањето на тиражите не е последица на лошото работење на новинарите и медиумските работници туку на менаџирањето кое го урна кредибилитетот на весниците што беа лидери во индустријата на печатените медиуми и вистински креатори на јавното мислење.

Одлуката за штрајк, неговиот почеток и начинот на негово спроведување согласно одредбите од Законот за работни односи, им е доставена на менаџментот на МПМ.

Вест Дневник МПМ Орце Камчев ССНМ Утрински
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.