Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дојде, направи хаос и замина: Јесилова „раскина“ со Брегалница

0
By Нова ТВ on November 3, 2016 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Брегалница е уште еден од низата клубови во досието на Јуксел Јесилова во кои, најчесто, се задржувал не повеќе од шест месеци како тренер. Штипскиот прволигаш и човекот што летото се појави како авангарда на божемните турски купувачи се разделија. Тие никогаш и не се појавија во јавноста, а речиси секое негово беше последица на скандали.

Последниот се случи во неделата по мечот во Кратово каде во „партнерски“ однос со капитенот Горан Здравков ги нападнале младите Мишев и Костов во соблекувалната како „виновници“ за поразот од Силекс. Страстите се смириле по интервенција на полицијата. Во понеделник од Штип следуваше демант за „трето полувреме“ поткрепено со фотографиија на која тренерот и еден од двајцата млади играчи дуваат свеќички на роденденска торта.

14433091_10207172612376902_517577299345847926_n

Првиот се случи по поразот на домашен терен од Македонија Ѓ.П. (1:2), тогаш последна екипа на табела, сега претпоследна. Претседателот на клубот, Мите Митев и директорот Иле Колев од една страна се степале со турскиот тренер Јуксел Јесилова. Инцидентот се случил на патот Кочани – Штип кај селото Крупиште.  Јесилова се движел со своето „Порше“ што го управувала неговата сопруга во кое било и 9 годишно дете. Во еден момент пред нив се испречил „Мерцедес“ во кој биле Колев и Митев. Двајцата излегле од возилото и со шипки во рацете се упатиле кон тренерот на клубот, со кој најпрво почнала вербална расправија, која прераснала во физичка пресметка. Настанала турканица по што Јесилова и Колев паднале во каналот кој се наоѓал покрај патот.

Јесилова дојде од нигде никаде, со себе донесе неколлу анонимни фудбалери од странство. Најавуваше многу, од стабилизирање на клубот до излез во Европа. Наводните стотици илјади евра (според едни 300.000 по сезони, според други – 800.000 евра) што во секоја прилика „убедливо“ се најавуваа по медиуми како „еве ги, само што не легнале на сметка“ испарија како и тој. Она што остана како дилема е во чие име се испорачуваа.

Извор во општината за НОВАТВ тогаш истакна дека непозната маркетинг агенција од Турција купува и странски играчи. Беа доведени пет и парите за нив беа уплатени од извесна маркетинг агенција со назив „Reflex Menajerlik Sportif  Faaliyetler“ и седиште во Турција. За оваа агенција не постојат доволно информации на интернет. Тие немаат своја веб страница, а единствено се наоѓаа по некоја штура информација за нивното седиште кое е во Истанбул, а се споменуваат и во една статија каде што се набројуваат кривични пријави против дузина директори и фудбалери од 2010 година.

„Дојдов во Штип на барање на големиот бизнисмен од Истанбул, Озгун Ајден, и на Тони. Дојдов да работам и да сменам некои работи во Брегалница. Сакам да го вратам фудбалот во Штип. Не случајно задоцнивме една недела. Јас имав свој помошник кој дојде во Штип и ги следеше тренинзите на Брегалница. Ќе стартуваме веднаш, со моите помошници Неан Тукмаја и Ерџан Баж.“, рече Јесилова по доаѓање во Штип.

14495441_10207187389146312_5973407904010978847_n

Штипјани не се премногу затекнати од новонастаната ситуација. За голем дел од нив заминувањето на Јесилова не е изненадување бидејќи, кога-тогаш, очекувале ваков крај на приказна „фудбалски лов во матно во градот под Исар“. Револтирани се, сепак, поради обидот да манипулира некој со нив. И со право. Бидејќи Брегалница од, резултатски, релативно стабилен клуб што бил незгоден ривал за секого, особено на домашен терен, е оставен во хаос и на последното место на табелата.

Општина Штип дури распиша и јавен повик за продажба на акциите во клубот под сомнителни и нетранспаретни околности за што Нова ТВ веќе пишуваше во два наврата во септември уште кога се приготвуваше сценариото на македонско-турската копродукција или, за некои, и македонско-македонската. Постоеја и сè уште постојат сомнежи за реалното постоење на купувачи од Турција туку дека целата „игра“ околу Брегалница е масло на т.н. домашни „моќници“. Најупатен во целата работа треба е градоначалникот Илчо Захариев или, можеби, знае некој и од обезбедувањето на зградата на локалната самоуправа.

„Клубот ќе се продава на берза. Новиот тренер е дојден за да ја испита неговата кондиција. Тоа е се, готово, со здравје, пријатно“, рече Захариев и го прекина разговорот, по што не бевме во можност да ги поставиме останатите прашања.

Брегалница е во целосна сопственост на општина Штип што требаше да добие приватен сопственик на почетокот на месецот (3 октомври) за кога беше закажано и отворање на документацијата. Вредноста на клубот е проценета на 25.000 евра или 10 евра по акција и обврска за идниот газда од минимум годишно вложување од 300.000 евра за период од една деценија. На огласот пристигнала една понуда пришто и таа не беше отворена од процедурални пропусти за што Нова ТВ, исто така, веќе пишуваше, а огласот прогласен за неважечки.

drugite-napishaa-i-kazhaa-za-ilcho-zahariev

„Општина Штип огласот на нашата интернет страна и во весниците го објави само на македонски јазик. Според законот требало да биде распишан и на англиски јазик. Постапката ќе биде повторена во најскоро време“, изјави за НОВА портпаролот на општината, Драган Ристов.

Оттогаш мина цел месец, но нов оглас не се појави.

акции Заминување Јуксел Јесилова општина Штип продажба Тренер ФК Брегалница фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.