Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Документацијата од Тврдина2 се ништела во црни вреќи во базата „Брест“

0
By Нова ТВ on October 2, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 2, 2017 15:18

Во црни ќеси за ѓубре во базата на МВР во „Брест“ во близина на селото Петровец биле уништувани документите за набавка на опремата за прислушување, потврдија на денешното рочиште за случајот „Тврдина 2“ двајца сведоци.

М.К.С. вработена како секретарка во Управата за безбедност и контраразузнавање на денешното рочиште за случајот „Тврдина 2“ беше сослушана како сведок. Таа негираше дека е виновна и рече дека била наместена.

„Се сретнав со една од колешките и таа ми рече дека ме бара друга колешка која исто така е обвинета во овој случај за да потпишам нешто. Кога отидовме во канцеларијата, ми рече да потпишам некои документи, затоа што тоа било работа на сите секретарки. Затоа потпишав. Не знаев што точно потпишувам, ниту пак дека сум била член на некаква си пописна комисија“, рече обвинетата М.К.С.

Таа појасни дека како секретарка на началникот В.Ц. и било речено кога ќе дојдат претставниците на пописната комисија да ги донесе црните ќеси во кои биле документите за ништење и на сите да им свари кафе.

По овој исказ на обвинетата реагираше обвинителот на Специјалното јавно обвинителство, Трајче Пеливанов, кој рече дека сега обвинетата во улога на сведок кажала дека ги видела документите во црните ќеси и дека кажала дека биле технички документи, како барање за годишен одмор, набавка на канцелариски материјали и слично. Пеливанов од обвинетата побара да каже кој исказ е точен, оној што го дала како сведок или пак она што сега го зборува пред судот.

Адвокатите на одбраната побараа записникот со исказот на обвинетата кој го дала како сведок да не влегува во доказите. Тие посочија дека обвинетата има право да се брани, а прашањето на обвинителот не е во согласност со законот за кривична постапка, бидејќи се што кажала во предистражна постапка не може да се употреби на главна расправа, бидејќи тогаш имала и својство на сведок.

Судот го одобри барањето на одбраната.

Претходно, сведок на СЈО, вработен во МВР, кажа дека обвинетиот Горан Грујевски лично му се јавил дека ќе дојде комисија да пали документи на денешното рочиште од судењето за палење 20 илјади списи – докази за масовното прислушување во Основниот суд Скопје 1. На ексначалникот на Петтата управа во МВР Грујевски му се суди во отсуство во случајот познат во јавноста како „Тврдина 2“, откако тој и Никола Бошкоски, вработен во УБК, избегаа за да не одат во притвор за случаите „Тврдина“ и „Таргет“.

Сведокот, кој работи во базата на МВР „Брест“, каде што обично се палат стари документи, патни налози и слично, рече дека бил присутен на палењето во 2015 година, но дека знаел за какви документи станува збор.

„Ми се јави лично началникот на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски и ми кажа дека ќе дојде комисија да ништи документи. Не знаев дека постои таква комисија за ништење, но денот кога дојдоа бев на работното место. Јас сум старешина и морам да обезбедам влез и излез на сите што ќе дојдат. Дојдоа со комбе од комисијата. Подготвив еден канистер со вода и еден противпожатен апарат, по што почнаа да ги вадат вреќите од комбе. Со Никола Бошкоски разговарав во моите простории додека траеше палењето. Потоа си заминаа“, кажа сведокот.

Тој не можеше да се сети кога се случило точно палењето, само дека било 2015 година и било топло. За годината кажа дека знае бидејќи ќерка му правела свадба таа година.

Обвинетиот Горан Грујевски е во бегство веќе два месеца,  откако Апелациониот суд Скопје му одреди притвор за други, потешки кривични дела.

Во бегство е и Никола Бошковски, осомничен во „Тврдина“ и „Таргет“, а сведок во случајот „Тврдина  2 “.

Поради дополнување на доказната постапка, судијката денешната главната расправа ја одложи  за 2 ноември.

Во  случајот Тврдина 2 во за уништување на службена документација поврзана со незаконското прислушување, обвинети се Горан Грујевски и уште шест вработени во УБК.

Горан грујосвски документи обвинети сведоци случај Тврдина 2
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.