Членови на ВМРО-ДПМНЕ кои донирале средства за ВМРО-ДПМНЕ денеска на повеќе телевизии и медиуми кои важат за провладини сведочеа дека биле сослушувани од страна на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во врска со донациите кои ги дале за партијата на изборите во 2014 година, со што ги потврдуваат шпекулациите кои кружат извесно време дека ова обвинителство „чепка“ во сметките во власта.

Донаторите и самите медиуми ова го оценија како притисок врз владејачката партија пред престојните локални телевизии и зборуваа дека тие биле малтретирани од обвинителите.

Се повикуваат голем број членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, меѓутоа тоа ќе наиде на контраефект, затоа што јас како функционер и долгогодишен член на партијата, кај мене желбата е се поголема и поцврста за работа и ќе донирам повеќе средства во самата партија. Исто така и сите членови на ВМРО-ДПМНЕ со ова ќе се обединат и ефектот ќе биде една голема победна за ВМРО-ДПМНЕ на 11 декември, изјавува Ангел Бојаџиев од Штип за повеќе провладини медиуми.

Од СЈОО одбиваат да споделат информации со јавноста во врска со предистражни постапки. Наводно, во обвинителството масовно се испрашуваат стотици донатори – физички лица на владејачката партија, а провладините медиуми шпекулираат со бројка од 1,000 до 1,500 лица.

Финансирањето на политичките партии е една од областите која важи за сива зона во македонската демократија лишена од секаква транспарентност поради што домашните и меѓународни организации и институции редовно потсетуваат дека борбата против корупцијата и демократизацијата мора да почне одвнатре, односно во самите партии. Не постои ниту еден извештај за напредокот на земјава од ЕК во којшто не се потенцира потребата од контрола и надзор врз работата на партиите.

Над законот: Како ВМРО-ДПМНЕ стана една од најбогатите политички партии во Европа

ВМРО-ДПМНЕ во последните неколку години значајно го зголеми своето богатство.  НОВАТВ и СКУП во своето неодамнешно истражување открија дека владејачката партија не само што е една од најбогатите партии во Европа, побогата и од онаа на Меркел, туку и дека дел од нивниот имот е стекнат противзаконски.

Целото истражување во видео сторијата

Донаторите на ВМРО-ДПМНЕ низ истражувањата на НОВАТВ

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ во 2015 година собрала најмногу донации на својата сметка или речиси 1,5 милиони евра, откри НОВАТВ со помош на документите кои ги добивме од Државниот завод за ревизија користејќи се со правото на слободен пристап до информации. Сите донации на владејачката партија се од физички лица, со исклучок на две правни лица.  Во листата на донатори не можевме да го најдеме премиерот, ниту пак клучните лица од раководството на ВМРО-ДПМНЕ.

donacii_block_2

За оваа партија во 2015 донирале вкупно 3,675 физички лица и две фирми. Најголемиот дел од парите, или 73 проценти од вкупните донации биле дадени во само 12 дена.

donacii_block_3

donacii_block_4

Од тие 12 дена, најголемиот број донации биле извршени од 14 до 16 јули или речиси 40 проценти од донациите биле дадени во само три дена.

Најсреќен ден за контото на ВМРО-ДПМНЕ бил 15 јули кога 791 донатор здружено донирале 291 илјада евра. Речиси две третини од донаторите на овој ден или 462 лица дале по точно 20,000 денари, а 69 лица дале по 50,000 денари. Ако 15 јули претставува поволен ден за партиската сметка, за државата е еден од клучните моменти во процесот на решавање на политичката криза. Додека приврзаниците на ВМРО во број од стотини граѓани одат да донираат во партиајта, нивниот лидер целиот ден го потроши во резиденцијата на амбасадорот на ЕУ Аиво Орав каде што беше потпишан протоколот за имплементација на договорот од 2 јуни кога партиите се согласија за формирање на Специјалното јавно обвинителство, решавање на проблемот со корупција во медиумите и други проблеми чие решавање произлезе од наодите во извештајот на Прибе.

donacii_block_5

Овие прашања произлегоа од претходните истражувања на НОВАТВ, но и други медиуми, кои со години работеа на теми поврзани со финансирањето политички партии. На пример, на изборите во 2013 НОВАТВ разговараше со повеќе донатори на ВМРО ДПМНЕ. Некои од нив воопшто не знаеја дека донирале за партијата, други посочуваа различни денови од оние на списокот, едни велеа дека парите ги однеле во штабот, други не можеле да се сетат и слично. Позната е изјавата на поранешниот лидер на Студентскиот сојуз Самоил Малчевски кој се најде на списокот на донатори, но тврдеше дека тој никогаш не донирал.

Заборавени донатори – познати јавни личности даваа контрадикторни изјави во врска со нивните донации

Роберт Вељановски (десно) и Арна Шијак (лево)

Во истражувањето објавено во мај минатата година пратеникот Андон Чибишев, актерката Арна Шијак, хирургот Никола Груев, актерот и директор на Драмски театар Роберт Вељановски беа дел од лицата кои се најдоа на списокот донатори на ВМРО ДПМНЕ со суми од 1,000 евра. Во првиот текст на НОВАТВ сите четворица рекоа дека во 2015 никој од нив не дал пари за партијата, а камоли 1,000 евра. Неколку часа по објавувањето на сторијата, речиси во исто време, тројца од нив се јавија да кажат дека погрешиле, односно заборавиле и одеднаш се сетиле дека всушност донирале за ВМРО-ДПМНЕ. Единствено актерката Арна Шијак не ја промени својата изјава, но затоа испрати реакција обвинувајќи ја НОВА дека ја злоупотребила со самото тоа што за ова пишувала, а немаше ниту збор за злоупотребата на нејзините податоци од страна на партијата.

„Тоа се многу пари, не можам да заборавам дека сум дал толку пари. По вашето јавување за секој случај ги проверив моите трансакции од 2015 година и можат да ви потврдат дека пари за партијата не сум дал. Јас донирам само во изборни години. Во такви години пари сум дал два пати – еднаш 15 илјади денари, а еднаш 7 илјади“, рече докторот Никола Груев во својата прва изјава.

„Не сум дал пари и остро демантирам. Единствената моја донација во 2015 е за хуманитарни цели, изнесува 3,000 денари и не е поврзана со никаква партија“, рече и Роберт Вељаноски.

Но нивните изјави од остри деманти кои побарувале и проверки на сметките, се претворија во „сум заборавил, донирав“.