Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Донаторот на Ќосето се уште не пројавил интерес да го земе споменикот

1
By Влатко Чаловски on February 27, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Донаторот на споменикот на Андон Јанев Ќосето, Здружението за духовно обединување на Сетинци-Попадинци и Крушоради, се уште нема пројавено интерес за да го подигне споменикот од Металскиот завод Тито, каде што го однесоа службите на град Скопје, кога на 22.февруари го тргнаа од пред Врховниот суд.

Споменикот е дело од контроверзниот проект „Скопје 2014“ на Владата на Никола Груевски, а беше поставен во времето на  градоначалникот Коце Трајановски, како донација од Здружението за духовно обединување на Сетинци-Попадинци и Крушоради од Лерин.

Од град Скопје за НОВА велат, досега немало контакт од донаторот.

„Град Скопје ја отвори можноста споменикот да биде вратен на донаторот, но досега нема повратен контакт од фондацијата. Сериозноста на намерата е потврдена со испраќање на писмен допис до фондацијата. Доколку во наредниот период не се појави заинтересиран субјект, наредните чекори ќе бидат дополнително утврдени, за што јавноста ќе биде благовремено информирана“, велат од град Скопје.

Единствен кој пројави интерес за објектот познат во јавноста како „споменикот на Ќосето“ е Општина Сопиште, која планира да го постави на кружниот тек во село Сопиште, кој беше изграден при изградба на регионалниот пат кој го поврзува Сопиште со Сончев Град.

„Споменикот на Андон Ќосето нема да дозволиме да биде стопен. Тој гордо ќе биде поставен во општина Сопиште, а граѓаните на општина Сопиште ќе имаат спомен обележје од овој значаен историски лик. Ние како општина покажуваме, за разлика од други дека приоритет даваме на изградбата, а не на рушењето. Оваа иницијатива потегна од самите жители на општината, која преку денешната седница на Советот ја поднесоа советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ“, изјави денеска Јане Мицевски, претседател на општинскиот совет.

Споменикот на Ќосето пред Врховниот суд стоеше приближно 4 години, а постаментот кој остана празен, наскоро треба да биде урнат, бидејќи град Скопје утврди дека се работи за дивоградба.

Доколку до средината на март, Здружението за духовно обединување на Сетинци-Попадинци и Крушоради не го побара споменикот, тој ќе остане во рацете на градската управа.

На местото пак, каде што беше поставен споменикот, градоначалникот на главниот град, Шилегов, најави дека ќе биде насадено дрво „за човекови права“ под кое ќе биде изгравиран Членот 10 од Општата повелба за човекови права на Обединетите нации.

Дрвото што ќе биде насадено на местото на постаментот ќе биде набавено од Нинберг и e од видот гинко.

Град Скопје МЗТ Споменик Ќосето
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.