Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дончев: Фирмата на кумот на Груевски увезувала фалсификувани лекови

0
By Нова ТВ on November 23, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 23, 2017 21:03

Директорот на Фондот за здравство Ден Дончев во интервју за Фокус вели дека од паралелниот увоз на лекови најмногу ќариле фирми блиски до екс премиерот Никола Груевски.

-Три фирми што контролираат над 50 отсто од пазарот на паралелен увоз и се директно во кумска и роднинска релација со претходниот премиер Никола Груевски, вели Дончев.

Тој истакнува дека турската полиција уште пред две години предупредила за подземни капацитети во Турција што произведуваат лекови за македонскиот пазар. Тие се произведени од сомнителен извор, а спакувани во оригинални амбалажи, кои во Македонија доаѓаат преку т.н. паралелен увоз без каков било сертификат за квалитет затоа што законската одредба е укината во 2013 година.

ОЈО започна истрага за паралелниот увоз по истражувањето на НОВА

Со ова директорот на Фондот само ги потврди наводите од истражувањето за кои НОВА пишува веќе три месеца. Пред 10 дена од Обвинителството потврдија дека започнале истрага за наводите во истражувањето на НОВА токму за паралелниот увоз на лекови, по што Основното јавно обвинителство започнало истрага.  Од ОЈО потенцираат дека започнале да го испитуваат случајот по допрен глас и во моментот се преземаат дејства за предистражна постапка.

“Започнато е да се испитуваат наводите и да се преземаат дејства за предистражна постапка, се читаат материјалите, се разгледуваат податоците, велат во ОЈО за НОВА.

Откако ќе се испитаат сите наводи, информации, податоци, но и искази од сведоци најверојатно Обвинителство ќе отвори истрага.

Што досега објави НОВА

НОВА објави дека во државата преку паралелен увоз на лекови во последните пет години влегуваат сомнителни лекови за кои не се знае како се транспортирани и чувани, немаат сертификат директно од производителите, туку се внесуваат од трети земји преку разни канали и веледрогерии.

Пред две недели и Народниот правобранител се заинтересира за случајот со паралелниот увоз со лекови за кој пишуваше НОВА и од таму потврдија дека се обратиле до Агенцијата за лекови(МАЛМЕД) при што побарале информации за потеклото на овие лекови, од каде доаѓаат, како влегуваат, како се транспортираат и чуваат.

Сомнеж дека 40 проценти од лековите кои влегуваат преку паралелен увоз првично изразија од  Фармабренд Нова, асоцијација на претставници на странски производители на иновативни лекови. Таму потврдија дека имаат сознанија за  повеќе случаи каде што биле пријавени нерегуларности кај лекови од паралелниот увоз  забележани од пациенти, лекари и аптеки, но претходното раководство во Агенцијата за лекови не превземало никакви мерки за заштита на пациентите.

НОВА веќе објави дека се откриени случаи кога во пакување од еден лек има сосема друг лек со поинаков начин на дејство што го доведува во опасност животот на пациентот доколку не ја забележи грешката.

Имало случаи каде амбалажата на лековите била комплетно  изгужвана и искината, а при проверка на лекот преку фармацевти  од Турција било утврдено дека лековите се поврзани со имиња на турски пациенти и дека веќе биле наплатени  во Фондот за здравство во Турција.

Шокантно е дека пред две години на тендер од Министерството за здравство,  добил лек од паралелниот увоз произведен во Турција кој е забранет за употреба во многу земји во светот поради 40 евидентирани смртни слуачи. Лекот се користи за лекување на неколку видови на рак и бил наменет за болните од Клиниката за онкологија.

Паралелниот увоз на лекови го воведе претходната Влада во 2012 година со образложение дека на ваков начин ќе ја намали цената на лековите. Но, наместо од земји од ЕУ каде што има строги закони и критериуми за паралелен увоз, евтините лекови во Македонија најчесто се увезуваат од Турција или Русија.

Експертската јавност сега бара измени на законот за лекови во делот на паралелниот увоз со лекови со што ќе се гарантира сигурноста на лековите и безбедноста на граѓаните.

Ден Дончев интервју истражување Нова паралелен увоз на лекови Турција Фокус
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 26, 2026

Историски највисока цена на златото – достигна над 5.000 долари за унца

ВЕСТИ January 26, 2026

Цената на златото денес за прв пат во историјата надмина 5.000 долари за унца, продолжувајќи…

Минеаполис: Растат тензиите откако Федерални агенти убија уште едно лице

January 25, 2026

Казните од Сејф Сити – од 20 до 400 евра

January 25, 2026

31-ви конгрес на СДСМ: Жестоки критики од Филипче за власта – Ја сведовте државата на последната дупка на Балканот – Европа не отпиша, Америка не нè запишува

January 24, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.