Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Досега 260 граѓани пријавиле несакани реакции од вакцината против ковид-19, а се имунизирале 864.759 лица

0
By НОВА ТВ Balaban on February 15, 2022 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По спроведена вакцинација на 864. 759 лица во нашата земја, кај помалку од 0,03% од извршените вакцинации е пријавен сомнеж за несакана реакција – велат за НОВА ТВ од МАЛМЕД 

Околу 260 граѓани или само 0,03 отсто пријавиле сомнеж за несакана реакција од вакцината против ковид-19 од досега имунизирани 864.759 лица и дадени околу 2 милиони вакцини. Првата вакцина против ковид-19 во Македонија е дадена на 19 февруари лани и оттогаш, за една година, до МАЛМЕД (Агенција за лекови и медицински средства) речиси секоја недела стасувале по неколку пријави. 

– До Агенцијата за лекови и медицински средства од почеток на вакцинацијата против ковид-19 па се до денес, на неделно ниво пристигнуваат по неколку пријави за несакана реакција од вакцините од сите три дози на вакцина. По спроведена вакцинација на 864 759 лица во нашата земја (согласно официјалните податоци објавени од Министерството за здравство), кај помалку од 0,03% од извршените вакцинации е пријавен сомнеж за несакана реакција. Во текот на 2021 година процентот на пријавените несакани реакции по примена на вакцина против ковид-19 е 0,03% – велат за НОВА ТВ од МАЛМЕД.

Зголемена температура, изнемоштеност, главоболка, најчести реакции

Во врска со тоа кои се најчестите несакани реакции по примена вакцина против коронавирусот, од Агенцијата појаснуваат:

– Најчесто се пријавени несакани реакции со лесна симптоматологија како зголемена телесна температура, изнемоштеност, главоболка, гадење, вртоглавица, болка и оток на местото на апликација и болка во мускули. Сите досега пријавени несакани реакции се опишани во упатствата за употреба на вакцините – велат од Агенцијата за лекови.

Оттаму советуваат – доколку пациентите, корисници на лекот, се посомневаат дека одреден симптом којшто го почуствувале е поврзан со земање/примена на лек кој го користат, треба да постапат на следниов начин: 

– Да го прочитаат повторно Упатството за употреба на лекот, бидејќи таму се наведени очекуваните несакани реакции при примена на тој лек, како и препораките како да постапат  во случај на појава на сериозни несакани реакции.

– Да се обратат кај нивниот лекар или фармацевт, бидејќи тие ќе им дадат стручен совет за понатамошна примена на лекот за кој се сомневаат дека им ја предизвикал несаканата реакција (на пример: прекинување на употреба на лекот, промена на лек, намалување на доза, продолжување со терапија и др.)

Несаканите реакции од лековите да се пријават во Националниот центар за фармаковигиланца

Граѓаните несаканите реакции од лековите да ги пријават во Националниот центар за фармаковигиланца при Агенцијата за лекови и медицински средства (ул.Св.Кирил и Методиј бр.54 кат 1) или по електронски пат преку веб страната на Агенцијата http://malmed.gov.mk// со пополнување на Оn-line апликацијата за пријавување на несакани реакции за пациенти.

Од Агенцијата за лекови и медицински средства наглсуваат дека имаат договор за соработка со Uppsala Monitoring Centre (UMC) – глобална електронска база на податоци за несакани реакции на лекови на Светската здравствена организација со седиште во Шведска. Сите пријави кои се доставени до МАЛМЕД се обработуваат и проследуваат до UMC и стануваат дел од документацијата за безбедноста на лекот.

Во врска со пријавените два смртни случаи во минатата година, во кои има индиции дека се асоцирани по примањето на вакцина против ковид-19, надлежните се уште немаат нови сознанија од испитувањата.

Со оглед на значителниот пад на опфатот со вакцинација и во нашата земја, во Скопје дневно се вакцинираат едвај 200 граѓани, но и на намалениот интерес во регионот, во Србија, во Хрватска, во Црна Гора, во некои земји, како во Хрватска, повторно почнуваат со кампањи за вакцинација против ковид-19.
Проф. д-р Грозданова: Целта е што помалку тешки случаи и смртни исходи
Националната координаторка за имунизација, проф.д-р Александра Грозданова, за НОВА ТВ вели:

– Ставот е, апсолутно, дека граѓаните треба да се вакцинираат против ковид-19, а стапката на релаксирање и намалување на мерките секако треба да соодветствува и со опфатот на вакцинација. Односно, релаксирање на мерките не оди со прашањето кога ќе се укинат сертификатите, туку со зголемување на процентот на невакцинирани граѓани. Во нашата земја се аплицирани околу 2  милиони дози, а во светот досега се дадени 10,42 милијарди дози на ковид-вакцини. Во ЕМА (Европска агенција за лекови) процентот на пријавени сомнежи за несакани реакциии не е ниту во проценти, туку помалку, а и нашата стапка (пријавени 0,03 отсто), соодветствува со таа во ЕУ, со тоа што нашите граѓани имаа доверба и ги прифаќаа кинеските и руската вакцина, а во однос на нив не може да споредуваме, бидејќи тие не се регистрирани во ЕМА, а нашите граѓани имаа доверба во нив, вели проф. д-р Грозданова.  

Проф. д-р Александра Грозданова

Таа појаснува: „Да, точно е дека има заболени и починати и меѓу вакцинираните лица“.

– Но, апсолутно се потврди дека бројот на смртните случаи и на хоспитализациите е исклучително помал во однос на невакцинираните граѓани. Тоа е и целта на имунизацијата – да има што помалку тешки случаи и смртни исходи. Кога имате респираторен вирус, вие не може да дојдете во ситуација болеста да има друг тек, исто е и со вирусот на грипот, затоа се важни вакцините, додава Грозданова.

Љубица Балабан 

Александра Грозданова вакцината вести МАЛМЕД пријави против ковид-19 реакции
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.