Германскиот министер за здравство Јенс Шпан упати драматично предупредување до сите германски граѓани и ги повика што поскоро да се вакцинираат против коронавирусот.

Германците до зима ќе бидат вакцинирани, излечени или мртви, рече министерот на прес-конференција.

Поради зголемениот број на новозаразени, Германија се подготвува да ги заостри мерките против коронавирусот, по примерот на соседна Австрија.

Иако е свесен за тежината на неговите зборови, Шпан вели дека тоа е многу реално сценарио.

Можеби звучи цинично, но тоа е вистина. Со многу заразна делта варијанта, тоа е многу, многу веројатно и затоа препорачуваме вакцинација што е можно поскоро, рече министерот.

Во претходните 24 часа, Германија забележа околу 30.000 нови инфекции, што е зголемување за околу 50 отсто во однос на минатата недела.

Болниците предупредија дека објектите за интензивна нега се речиси исцрпени, а некои пациенти мора да бидат префрлени во други оддалечени клиники.