Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Државниот ревизор не откри криминал во ВМРО-ДПМНЕ за донациите

0
By Нова ТВ on May 23, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 23, 2017 18:25

Ден по објавата на Специјалното јавно обвинителство, за отворање на истрага за случајот „Талир“ за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, Државниот завод за ревизија објави извештај за финансиското работење на оваа партија во 2015 година.

Ревизорите во извештајот многу повеќе цитираат закони, како треба политичките партии да го регулираат начинот на финансирање на партијата, а воопшто не обелоденуваат детали за евентуални незаконитости.

Па така, Државниот ревизор го посочува Законот за финансирање на политичките партии, според кој членарината претставува редовен износ на средства, кој членовите го плаќаат годишно согласно со актите на партијата, а кој за период од една година не смее да биде повисок од една просечна исплатена нето плата, поединечно по секој член.

„Ревизијата констатира дека партиите приходите од членарина најчесто ги регулираат со донесување на интерен акт. Заради воедначено постапување кај сите политички субјекти ревизијата смета дека надлежните органи потребно е да донесат поконкретни насоки за регулирање на начинот на плаќање, уплата, евидентирање, со цел еднообразност во начинот на сметководствено евидентирање и потврдување на законски утврдениот лимит за секој член одделно“, пишува во извештајот на ревизорот.

Токму начинот на кој се уплатувани донациите е предмет на најновата истрага на СЈО, за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ и перење на пари под кодно име „Талир“.

Според доказите на СЈО, Груевски како првоосомничен создал криминална група со помош на која незаконски стекнати пари ги внесувала во партијата како донации од физички лица. На таков начин дури 5 милиони евра биле уплатени на жиро сметката на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа со нив бил купуван недвижен имот, пасишта, ниви или вкупно СЈО нашло докази за договори за 78 недвижен имот. Истрагата се однесува за незаконско финансирање на партијата во периодот од 2009 до крајот на 2015 година.

„Мотивите на првоосомничениот биле исклучиво од лична природа и биле поврзани со зацврстување на неговата политичка моќ и позиција во партијата и во државата и во обезбедување на целосна контрола над политичката партија“, рече обвинителката Фатиме Фетаи.

Помеѓу 14-те осомничени за случајот „Талир“, освен претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, се наоѓаат и повеќе високи функционери од партијата од кои најголем број се членови на Извршниот комитет.

Според ревизорскиот извештај, во 2015 година ВМРО-ДПМНЕ прикажала приходи од 2 милиони и 400 илјади евра од камати, донации, подароци, а дел од парите се пренесени од претходната година. Расходи пак, за истата година партијата на Груевски имала 2 милиони и 370 илјади евра.

Токму за оваа 2015 година НОВА ТВ ги истражуваше донациите во кои откривме дека администрацијата донирала 1.5 милиони евра, а во еден ден на сметката на партијата донирале и над 700 граѓани.

 

ВМРО-ДПМНЕ донаации ревизорски извештаи СЈО Талир
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.