Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДСЗИ до ВМРО ДПМНЕ: Дали изминатите 10 години влегла инспекција на ГАК

0
By Нова ТВ on October 10, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

-Тажен и очаен е обидот на политичката партија предизборно да поентира без аргументи и да се сведува на малограѓански дискусии за фризури со цел да ја дефокусира јавноста од вистината. Од тие што имаат најголема одговорност за ваквата состојба на ГАК не очекувавме да си го дозволат луксузот да напаѓаат таму каде што нема да можат да се одбранат, се вели во реакцијата од Државниот санитарен и здравствен инспекторат на соопштението од ВМРО ДПМНЕ во кое оваа партија на себе си ја припиша акцијата на Инспекторатот во ГАК, по големиот број прес конференции пред самата клиника и алармирањето на јавноста.

-Наодот до кој дојде Државниот санитарен и здравствен инспекторат потврди дека ГАК сите изминати десетина години работела во несоодветни услови, а јавноста била манипулирана со некакво си прво место во светот по здравствени услуги. Доколку функционираа институциите во изминатите десет години, тогаш и Државниот санитарен и здравствен инспекторат и други институции ќе укажеле на луксузот за кој биле трошени десетици илјади евра во ГАК во нивно време, а истовремено пациентите пропаѓале во дупки по ходниците и имало огромен број умрени новороденчиња.

Оваа тема е премногу сериозна за било која политичка партија да си дозволи да поентира, а Државниот санитарен и здравствен инспекторат нема да премолчи ниту една критика или реакција од било која партија, ниту пак ќе дозволи да биде жртва на политичката борба.

Ги повикуваме сите да приложат аргументи кога и како е вршен надзор во ГАК во изминативе десет години? Дали некоја инспекција влегла и смеела да соопшти нешто? Што направиле за состојбата која не е од сега, туку е наследена? Какви мерки презеле и со што освен со луксузниот намештај во директорската канцеларија придонеле за подобрување на состојбата на клиниката, велат од ДСЗИ.

-Санитарниот инспекторат потврди дека ВМРО-ДПМНЕ не се трудело да привлече партиски поени со неточни вести, со манипулации или со лажни вести, туку одговорно како опозиција ја одиграла улогата на коректив на власта, се вели во денешното соопштение од ВМРО ДПМНЕ по прес конференцијата на Инспекторатот.

Ужасот на гинекологија придонесе за големата смртност на новороденчиња

ВМРО-ДПМНЕ ГАК ДСЗИ услови
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
ФОКУС

Поранешниот министер за одбрана побегнал од Украина – Умеров не се вратил од патувањето во САД поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 18, 2025

Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина и поранешен министер за одбрана,…

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

November 17, 2025

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.