ДУИ донесе одлука да ги даде потписите за формирање Влада на СДСМ. Доцна вечерва ова го изјави портпаролот Бујар Османи.
„Преговорите за Влада ќе продолжат, потписите не значат и дефинитивно дека ќе се прави Владата, но преговори ќе има со СДСМ. Потписите ги даваме за да ги запазиме роковите и за да не се губи премногу време“, изјави Османи.