Демократската унијата за интеграција ги објави имињата на носителите на листите за предвремените парламентарни избори во декември.

Оттаму соопштуваат дека Генералниот совет на ДУИ го одобрил предлог на Централното претседателството па така Али Ахмети ќе биде прв во ИЕ 6, Артан Груби во ИЕ 1, Ејуп Халими во „двојка“, Нафи Дурмиши во ИЕ 3, во ИЕ 4 ќе биде Артин Спахиу, во „петката“ Агим Шаќири додека Џевдет Спахиу ќе се натпреварува за гласови во ИЕ 7.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, ја поздрави одлуката на советот и изрази уверување дека овие кандидати ќе дадат свој придонес за време на кампањата и како членови на следниот состав на Парламентот.