Централното претседателство на ДУИ ќе се сретне попладнево за да разговара за предлогот кој партијата го доби од СДСМ, објави „ТВ 24“.
На состанокот потпретседателската тројка ќе го презентира пакетот и ќе реферира за текот на преговорите со СДСМ.
Дел од прашањата во законот за албанскиот јазик се уште се отворени, а преговарачките тимови со експерти работат на тие делови во пресрет на Централното претседателство.
Состанокот во Мала Речица доаѓа по синоќешната лидерска средба на Зоран Заев и Али Ахмети во седиштето на ДУИ, каде беа усогласени најголем дел од разликите, но сепак остана дел отворени прашања.