Лидерот на ДУИ пред околу 20-тина минути дојде во седиштето на партијата во Мала Речица.
Тој пред почетокот на состанокот на претседателството, на прашањето на новинарите, што да се очекува денеска, не сакаше да дава изјави.
https://www.facebook.com/tv21hd/videos/943800559083482/
Денеска на полноќ истекува рокот на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ да формираат влада. ДУИ е единствената шанса на Груевски за формирање влада. Ахмети и неговите најблиски соработници притискаат за влада со ВМРО-ДПМНЕ, но потпретседателството даде силен отпор, како и најавите на дел од пратениците дека тие во Собранието нема да притиснат зелено копче за таа влада.