Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дума во „Титаник 2“: По телефонски повик, Ибраими ја смени одлуката

0
By Нова ТВ on August 27, 2018 ПОЛИТИКА
Архива
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, August 27, 2018 14:09

На денешното рочиште за предметот „Титаник 2“ сведокот Виолета Дума, одговараше на прашања на обвинителката на СЈО Фатиме Фетаи во врска со  приговорите на гласачкото место 1727 во општина Струмица за локалните избори во 2013 година.

На прашања од обвинителката Фетаи дали виделе дека некој телефонски му се јави на Бедредин Ибраими за време на седницата на ДИК на која се одлучувало по приговор, Дума одговори дека му заѕвонил телефонот на Бедредин и оти тој рекол дека шефот го бара.

Дума додаде дека не го разбрала, бидејќи зборувал на албански јазик.

По разговорот со Бедредин се вратил во салата, по што се гласало за приговор од ВМРО-ДПМНЕ.

Според Дума, пред разговорот Бедредин сметал дека приговорот е неоснован, односно дека тоа дека нема повреда, но потоа гласал „за“, како и членовите на ДИК од ВМРО-ДПМНЕ. Гласањето за приговорот на ВМРО-ДПМНЕ било 4:3. „Против“ гласале Виолета Дума, Борис Кондарко и Супхи Јакупи.

Вториот сведок на СЈО, Борис Кондарко во врска со приговорите за гласачкото место 1727 во општина Струмица рече дека не може да се сети на детали затоа што имало многу приговори за повреда на постапката при гласање.

Во најголемиот дел од сведочењето на Кондарко беше дека тој не се сеќава конректно дали на тоа избирачко место имало незаконитости, бидејќи ДИК со мнозинство гласови изгласало да не се отвара избирачкиот материјал наспроти неговиот став дека за да се утврди вистината и основаноста на секој приговор, мора да се отвори материјалот.

Тој говореше воопштено и потврди дека имало приговор за прегласување, без да посочи за конкретни проблеми во конкретните избирачки места. Обвинитеите на СЈО и одбраната дојдоа во конфликт поради тврдењето на СЈО дека оббраната само губи време со директни прашања до сведокот, што во оваа фаза со одлука на судот  не е дозволено.

На рочиштето повторно е дадена пауза.

 

Дума Ибраими изборни нерегуларности локални избори 2013 сведок Титаник 2
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.