Двата блока на РЕК Битола од утрово се во прекин и Комбинатот во моментот не произведува струја што значи дека земјава се снабдува со електрична енергија од преносната мрежа за што веќе доби неколку опомени од Еврппската енергетска мрежа, пренесува ТВ Телма.

Најновата ситуација во РЕК Битола доаѓа по три дена од пожарот кој направи сериозни оштетувања на трансформатор на третиот блок. Огнот набрзина беше изгаснат, инцидентот мина без човечки жртви, а ЕСМ преку соопштение порача дека Блок 3 нема да се користи за производство на струја и оти се работи на брзо рестартирање на Блок 2.

Повеќе детали за новонастанатата ситуација со РЕК Битола се очекуваат од ЕСМ во текот на денот.