Од двајца пациенти кои се ковалесцентни на ковид-19, односно се наоѓаат во фаза во која се носители на антителата против вирусот, денеска за првпат е земена крвна плазма со која ќе треба да се лекуваат заболени.

Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство, Венко Филипче, кој рече дека во следните денови, исто како и терапијата со озон која се применува во ГОБ „8 септември“, крвната плазма ќе биде аплицирана на пациенти за кои експертите ќе оценат дека е соодветна за нив.