Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕХФ ЕУРО 2018: Хрватите и Французите во главна улога во Загреб

0
By Нова ТВ on January 20, 2018 СПОРТ
Фото: cro2018.ehf-euro.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Хрватската ракометна репрезентација драстично го поправи впечатокот од мечот со Белорусија и запиша нова победа во главната фаза на Европското првенство. Пред налетите на „коцкестите“ во, вечерва, полната „Загрепска арена“ падна Норвешка со 32:28 (15:13) со што бодовно се израмнија со Франција („триколорите“ имаат меч помалку) и опстанаа на курсот за полуфинале на турнирот.

Впечатокот на свежина и решителност што составот на Лино Червар го остави уште на почеток даде резултат. Хрватите тргнаа силно, во текот на сите 60 минути беа во предност и не оставија ниту трошка надеж за скандинавскиот ривал за расипување на победничката атмосфера и енергија што ја впиваа од трибините.

Во „будењето“ на домашните ракометари се вклопи и чуварот на мрежата Иван Стевановиќ кој со своите феноменални 14 одбрани им овозможи на колегите да се дадат во резултатско бегство и вгради голем удел во втората победа на Хрватска во групата 1.

Мануел Штрлек беше прв стрелец во хрватскиот тим со шест гола, а го доби и признанието играч на натпреварот. „Вардарецот“ Лука Циндриќ погоди пет пати во противничката мрежа, еден погодок помалку од него реализира Марко Мамиќ. Норвежанецот Сандер Сагосен, пак, беше најефикасен ракометар на средбата со осум гола.

Фото: cro2018.ehf-euro.com

Франција во првиот меч од саботната програма ја совлада Шведска со 23:17 и, речиси, е сигурен полуфиналист на 13. Европско ракометно првенство со оглед дека на „триколорите“ им преостануваат уште дуели со Србија и Белорусија до крајот на главната групна фаза.

Најпрецизен во ростерот на Дидие Динар беше Седрик Сораиндо со пет гола, Кентин Мае додаде четири, а Мишел Гигу, Валентин Порт и Никола Клер постигнаа по три. Но, најголеми заслуги за триумфот на „триколорите“, сепак, одат на сметка на голманот Венсан Жерар кој со 19 интервенции беше прогласен и за човек на натпреварот.

ЕП во ракомет

Група 1 (Загреб), 4 коло

Хрватска – Норвешка 32:28

Шведска – Франција 17:23

Табела: Франција 6 (-1), Хрватска 6, Норвешка 4, Шведска 4 (-1), Белорусија 0 (-1), Србија 0.

Идно коло: Србија – Франција (понеделник, 18.15 ч.), Шведска – Белорусија (понеделник, 20.30 ч.)

Двојки за утре (недела) на ЕП

Група 2 (Вараждин), 4 коло

Германија – Данска (18.15 ч.)

Македонија – Шпанија (20.30 ч.)

Табела: Данска 4, Германија 4, Македонија 3 (-1), Шпанија 2 (-1), Чешка 2, Словенија 1.

ЕП во ракомет Загреб Франција Хрватска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.