Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕК конечно прогледа за протестите на српските студенти: Очекуваме брза и транспарентна истрага за наводите за прекумерна употреба на сила

0
By Zoran Ivanov on June 30, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 30, 2025 17:55

Очекуваме брза, транспарентна и веродостојна истрага за наводите за прекумерна употреба на сила, како и правична постапка за сите приведени, рече Мерсие.

Европската комисија соопшти дека внимателно го следи развојот на ситуацијата во Србија, каде што се евидентирани случаи на употреба на сила против демонстрантите, масовни апсења и обвинувања против студенти за наводно организирање обид за државен удар.

Внимателно ја следиме ситуацијата. Остро го осудуваме секој чин на омраза и насилство. Правото на мирно собирање мора да биде заштитено, изјави портпаролот на Европската комисија, Гијом Мерсие.

На прашањето дали најновите дејствија на српските државни институции се во согласност со правилата и вредностите на Европската унија, портпаролот на Комисијата не одговори директно, но потсети на основните европски принципи.

Интервенцијата на полицијата мора да биде пропорционална и во согласност со основните права, вклучително и правата на сите уапсени. Очекуваме брза, транспарентна и веродостојна истрага за наводите за прекумерна употреба на сила, како и правична постапка за сите приведени, рече Мерсие.

Тој потсети дека „фундаменталните вредности се јадрото на нашиот заеднички европски проект и мора да се почитуваат. Ова, меѓу другото, се однесува и на слободата на собир како фундаментално право“.

Европската комисија претходно ги повика властите во Србија да ги почитуваат основните права и стандарди што се дел од процесот на европска интеграција.

Додека Белград тврди дека е посветен на европскиот пат, од Брисел доаѓаат пораки дека вредностите на Европската Унија мора да се потврдат во пракса.

 

ЕК полиоција протести Србија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.