Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕК: Напредок и исполнети услови за старт на преговори со Северна Македонија

0
By Нова ТВ on March 2, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: livemint.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 2, 2020 10:27

Северна Македонија остварила значаен напредок во сите области и се препорачува на Советот на министри да донесе позитивна одлука за земјата во однос на датумот за почетокот на преговорите за членство во Европската Унија, се оценува во Извештајот на Европската комисија до кој дојде дописничката на МИА од Брисел. Извештајот треба да се објави најрано денес, а најдоцна до крајот на оваа недела.

Документот заклучува дека со оглед на „остварениот значаен напредок и исполнувањето на условите едногласно поставени од Советот во јуни во 2018 година, Комисијата препорача во својот пакет за проширувањето во 2019 година дека Советот треба да започне преговори со Северна Македонија. Општо земено, Северна Македонија ги зголеми своите напори и испорача опипливи и одржливи резултати во клучните области“. Оттука, Европската комисија порачува дека оценката од 2019 година не е променета и дека Северна Македонија треба да започне преговори со ЕУ.

Извештајот е фокусиран на судските реформи, судењата за висока корупција, вклучително и случајот со СЈО, безбедносните реформи и реформите во јавната администрација. Европската комисија смета дека се преземени потребните мерки за зајакнување на независноста на судството и земјата се усогласила со сите европски и меѓународни препораки.

Меѓу успесите се набројани разрешувањето на шестмина судии, вклучително претседателот на Врховниот суд, додека предметите од СЈО се префрлени во редовното Јавно обвинителство, каде се гарантира континуитет на истрагите, стои во документот на ЕК. Законот за ЈО е донесен со двотретинско мнозинство по „интензивни дебати меѓу политичките партии“, ги информира ЕК земјите членки.

Земјата „продолжила со проактивни истраги“ и пресуди за корупција, вклучително и висока корупција, оценува ЕК и бара да се продолжи по тој пат. Европската комисија забележува дека поради скандалот со Рекет и СЈО, одредени предмети застарија. Работата на Државната Комисијата за спречување на корупција (ДКСК) и нејзиното формирање се поздравуваат во извештајот. ДКСК работи проактивно и без разлика на политичката припадност, иако не сите предмети од ова тело се проследени, главно поради процедурални проблеми помеѓу институциите.

Добар напредок е остварен во реформата на безбедносните и разузнавачките служби, смета ЕК во извештајот, реформите препорачани од експертите се финализирани, ОТА е оперативна и усвоени се „солидни процедури“. Во делот на јавната администрација, напредокот продолжува и Европската Комисија потсетува дека од суштинска важност да се обезбеди професионалноста и независноста на јавната администрација.

„Во тој поглед, од огромна важност е Владата и ДКСК да продолжат да преземаат мерки за сите наводи за непотизам и вработувања кои не се засноваат на заслуга“, вели ЕК.

Европска комисија ЕУ Извештај Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.