Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕК побара од 17 онлајн платформи потврда за усогласеност со обврската за јавна достапност до податоците

0
By Marija Todorovska on January 19, 2024 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 19, 2024 10:14

– Европската комисија испрати формални барања до 17 социјални мрежи, пребарувачи и сајтови, кои минатата година согласно Законот за дигитални услуги (ДСА) добија статус на „многу големи онлајн платформи“, да достават информации за мерките што ги презеле за усогласување со обврската без непотребно одложување да им овозможат на истражните тела пристап до податоците што имаат карактер на јавно достапни.

Ваквите барања се упатени до АлиЕкспрес, Амазон Стор, Бинг, Букинг, Гугл Мапс, Гугл Плеј, Гугл Срч, Гугл Шопинг, ЕпСтор, Заландо, Инстаграм, Јутјуб, ЛинкедИн, Пинтерест, Снепчет, ТикТок и Фејсбук.

Според ЕК, пристапот до овие податоци е од клучна важност за да се обезбеди одговорност и јавна контрола на политиките на платформите, особено во пресрет на европските и на национални избори во повеќе земји, како и за тековно следење за присуството на илегални содржини и производи.

Посочените 17 интернет платформи мора да ги достават бараните информации до Еврокомисијата најдоцна до 8 февруари, по што таа врз основа на добиените одговорите ќе ги одреди следните чекори.

По нивното назначување за многу големи онлајн платформи, од овие социјални мрежи, пребарувачи и сајтови за електронска трговија се бара да се усогласат со целиот сет на мерки утврдени со Законот за дигитални услуги, меѓу кои се и одредбите за пристап до податоци.

Претходните месеци ЕК испрати барања за информации до неколку платформи за информации за усогласеност со одредбите од ДСА, по што на 18 декември отвори формална постапка против Икс за прекршување на неколку прописи од Законот, вклучително и за обврската за пристапот до податоци.

барање Европска комисија онлајн платформи податоци
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.