Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕК предлага 14,5 милијарди евра претпристапни фондови за буџетот 2021-2027

0
By Нова ТВ on June 2, 2020 ВЕСТИ
Фото: ba.n1info.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европската Комисија (ЕК) денеска го презентира предлог буџетот 2021-2027 во делот на надворешната политика и проширувањето. За земјите од Западниот Балкан и Турција се предвидуваат 14,5 милијарди евра, предлог кој треба да го прифатат Европскиот Парламент и Советот на ЕУ, јавува дописничката на МИА од Брисел.

Новиот претпристапен инструмент (ИПА 3), кој што ја покрива финансиската помош за земјите кои имаат перспектива за членство во ЕУ, за периодот 2021-2027 година би требало да изнесува вкупно 14,5 милијарди евра, доколку предлогот на ЕК биде прифатен од земјите членки и европратениците.

Ова претставува „значително зголемување“ според ЕК во споредба со претходниот седумгодишен буџет за проширувањето кој изнесуваше 12,8 милијарди евра.

„Предложивме да се вратиме на првичната стапка на поддршка предложена во 2018 година, предлагаме повторно 14,5 милијарди евра во рамките на повеќегодишната финансиска рамка“, изјави еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји.

Новиот претпристапен инструмент за разлика од претходните ќе биде повеќе фокусиран на приоритети и проекти наместо индивидуални износи по земја. Со ова треба на Европската Унија да и се даде поголема улога во претпристапните фондови, а земјите кандидати ќе бидат под притисок да презентираат појасно обработени проекти за да дојдат до фондови. Средствата ќе се доделуваат повеќе според перформансот и реформскиот напредок на патот кон нивното членство во ЕУ, објаснуваат од Европската Комисија.

Што се однесува до Турција, Комисијата уверува дека ИПА ќе биде „доволно флексибилна“ за да ги одразува промените во односите со Анкара.

Во меѓувреме, со оглед на тоа дека Европската Унија сè уште не го изгласала буџетот за периодот 2021-2027, ЕК предлага тековниот претпристапен инструмент да се зајакне со дополнителни милијарда евра во наредните недели.

Наесен, Комисијата треба исто така да предложи „значајна алатка“ за Западниот Балкан фокусирана на енергијата, транспортот и поврзувањето на земјите од регионот, а ќе се работи и на интеграција на регионот во европската дигитална агенда, најави комесарот изразувајќи надеж дека и Советот и Парламентот ќе дадат зелено светло.

Европската Комисија вели дека треба посебна поддршка да му се даде на регионот, но и на останатите соседи јужно и источно од ЕУ за справување со економската криза предизвикана од коронавирусот.

По прв пат Западниот Балкан ќе биде вклучен и во Европскиот фонд за одржлив развој (ЕФСД) кој за сега важеше само за земјите покриени со соседската политика на ЕУ како и супсахарска Африка. ЕФСД е инструмент, кој обезбедува гаранции и мешавина на ЕУ грантови и банкарски заеми за да ја помогне имплементацијата на реформите и развојот на земјите партнери на Унијата. 

На располагање е и Гаранцијата за надворешна акција на ЕУ која ги покрива гаранциите од ЕФСД инструментот, плус макрофинансиски заеми за владите и чија цел е специфично таргетирање на одредени сектори.

Европската Комисија предлага сите инструменти наменети за партнерските земји значително да се зајакнат финансиски со вкупен буџет од 132,6 милијарди евра.

„Со овој предлог ќе ги имаме сите потребни алатки за таргетирање на инвестициите во клучните економски сектори, влевање ликвидност во малите и средните компании и обезбедување макрофинансиска помош. Ќе можеме конкретно да го поддржиме заздравувањето, да го поттикнеме развојот и потребните реформи“, додаде Вархеји.

2021-2027 буџет ЕУ Западен Балкан Оливер Вархеји предлог Турција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.