Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕК задоволна од пораките на Меркел за реформата на ЕУ и Еврозоната

0
By Нова ТВ on June 4, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европската комисија (ЕК) ги поздрави пораките на германската канцеларка Ангела Меркел за реформи на Европската Унија и Еврозоната, дадени викендов за германски медиум, изјави денеска портпаролот на ЕК, Маргаритис Схинас.

– Ги поздравуваме забелешките на Меркел за зајакнување на европското единство, особено делот во кој таа се согласува дека преговорите за повеќегодишната финасиска рамка треба да бидат склучени пред европските избори во 2019, изјави Схинас.

Европската комисија сега очекува дека на наредниот самит во јуни земјите членки на ЕУ ќе направат конкретен напредок.

– Ја повторуваме нашата увереност дека јунскиот самит нема да биде самит на кој повторно зборуваме, туку на кој ќе донесеме одлуки, нагласи Схинас.

Меркел во интервју за „Франкфуртер Алгемајне Зонтагцајтунг“ првпат одговори на предлозите на францускиот претседател Емануел Макрон за реформа на ЕУ и на Еврозоната.

Макрон уште пред речиси една година се изјасни за поинтегрирана Еврозона со „заеднички буџет“ и „министер за финансии“, но без да соопшти повеќе детали.

Меркел во интервјуто изрази негодување со идејата дека долговите на земјите членки треба да бидат заеднички.

– Солидарноста меѓу партнерите во Еврозоната никогаш не смее да доведе до заедница на долгови, туку треба да им се помогне на другите да си помогнат себеси, оцени Меркел, исклучувајќи ја можноста Европската централна банка да го намали италијанскиот долг.

Таа нагласи и дека Европскиот механизам за стабилност (ЕМС), кој нуди финасиска помош на земјите членки, треба да стане Европски монетарен фонд (ЕМФ), кој би можел да дава краткорочни кредити од пет години, под одредени услови.

Таквиот фонд би имал надлежност и да ја оценува самостојно економската состојба на земјите членки, како и одржливоста на нивните долгови. Фондот, според неа, би бил контролиран од националните парламенти на членките, а не од Европската комисија.

Германската канцеларка предлага финансиските преговори за буџетот на ЕУ по 2021 мора да бидат склучени пред следните европски избори, на кои се очекува евроскептичните партии да го зголемат своето влијание во Европскиот парламент.

Со ова интервју Ангела Меркел првпат ги открива своите позиции пред јунскиот самит на шефовите на држави или влади на земјите членки, каде ќе се преговара за реформата на Еврозоната.

Во економскиот дел германските ставови остануваат оддалечени од визијата на францускиот претседател Макрон.

Меркел се покажа поблиска до француските ставови во делот за создавање заедничка европска одбрана и изјави дека „позитивно“ гледа на предлозите на Париз.

Германската канцеларка исто така смета дека во иднина треба да се намали бројот на европски комесари.

МИА

Ангела Меркел еврозона Емануел Макрон ЕУ реформа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.