Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕЛЕМ: Од 2012 до 2017 за ископ на јаглен потрошени се 161 милион евра

0
By Нова ТВ on September 25, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За ископ на јаглен и јаловина од надворешно ангажирани фирми и изнајмување на механизација за РЕК Битола и РЕК Осломеј, во периодот од 2012 до август 2017 година, платени се 212 милиони евра, информираше денеска на прес-конференција генералниот директор на ЕЛЕМ.

Тој рече дека за ископ на јаглен и јаловина платени се 161 милион евра, а за надворешна механизација биле платени 46 милиони евра.

Миновски рече дека  за ископ на јаглен во РЕК Битола биле ангажирани само пет компании, „Трансмет“, „Силекс неметали“. „Пелистер“, „Гранит“ и „Марковски Компани“. Тој додаде дека во одредени периоди, овие фирми на тендерите учествувале самостојно, а во други случаи учествувале како конзорциум.

„Овие трошоци кои ги наведов влијаат врз цената на електричната енергија. Вкупните трошоци за ископ на јаглен и јаловина од надворешни фирми и ангажирањето на помошна механизација, исто така од надворешни фирми, влијаат на регулираната цена на електрична енергија во просек за изминатите години од 2012 до август 2017 година, со околу 20% или во просек по 8 евра за секој произведен MWh (во моментов регулираната цена за производство на електрична енергија од АД ЕЛЕМ изнесува 41 €/MWh)“, рече Миновски.

Тој додаде дека во однос на ангажирањето на надворешна механизација , намерата на ЕЛЕМ е во многу брзо време да набави сопствена механизација, што ќе доведе до намалување на трошоците за користење на механизација од надвор.

Инаку поранешните управители на „Трансмет“ и „Силекс неметали“ се обвинети во случајот „Труст“ на СЈО. Тие се сомничат дека со фалсификувани документи добиле тендер од 17 милиони и 200 илјади евра од ЕЛЕМ за ископ на јаглен и јаловина од рудникот Суводол. Овие две фирми заедно со фирмата „Вато“ Дооел настапиле како конзорциум во еден од тендерите на ЕЛЕМ.

ЕЛЕМ ископ јаглен механизација Силекс неметали Трансмет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.