Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Емануел Макрон: Францускиот Џастин Трудо или револуција во чаша вода

0
By Светлана Јовановска on April 24, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 24, 2017 11:14

Ако ги барате социјалистите или конзервативните републиканци во Франција – не се мачете, нема да ги најдете. Заминаа во историјата.

Од вчера тие исчезнаа од францускиот политички пејзаж. Преку вчерашните претседателски избори на кои кандидатите на овие две партии катастрофално загубија. Следниот чекор кон нивниот амбис можат да бидат парламентарните избори на 17 јуни.

Кандидатот на социјалистите Бенуа Амон освои одвај 6 отсто гласови а десничарот и екс премиер Франсоа Фијон со тешки маки стаса до 20 отсто. Тие двајцата заедно не освоија ни 30 отсто гласови. Невидено во француската современа историја!

Вчера Франција им покажа патот на Емануел Макрон и Марин Ле Пен кон вториот круг на изборите закажани за 7 мај. Во Франција повеќе никој не се сомнева дека новиот претседател на републиката ќе биде 39годишниот Макрон. Единствената непозната равенка е дали победата ќе биде голема или мала.

Тешко е да се смести овој млад човек во некоја од традиционалните идеологии. Тој за себе вели дека е центрист. За многумина тој е либерал. Во неговата програма има ветувања кои им намигнуваат и на левичарите и на десничарите.

До пред една година тој беше во социјалистичката партија, потоа излезе и тргна во освојување на фотелјата во Елизејската палата и сега се наоѓа на чекор од од неа. Макрон, човекот кој до пред 2 години беше тотално непозната фигура, се очекува да стане најмладиот претседател во француската историја.

Но, Франција е претседателски систем. Ако претседателот не успее да создаде парламентарно мнозинство, може слободно следните пет години да ги мине на плажа, да ужива во француската гастрономија и уметност.

Макрон очигледно нема таква намера. Со своето движење наречено “Напред!” или “Чекориме!” тој се подготвува сосема да ја смени политичката сцена.

Неизвесни парламентарни избори на 17 јуни

Францускиот претседател има обврска да формира влада веднаш по изборот. Досега, на парламентарните избори кои следат веднаш по претседателските, Французите му го даваа на шефот на државата неговото партиско мнозинство.

Овој пат нема партија туку само движење. Овој пат таква гаранција нема и тешко е да се каже кого Французите ќе изберат во новата Асамблеја, палатата Бурбон.

Синоќа социјалистите и републиканците ги повикаа своите гласачи во вториот круг да гласаат на Макрон. За да и се затвори патот на екстремната десница кон Елизејската палата. Тоа најверојатно ќе се случи.

Но, како Французите ќе гласаат на парламентарните избори останува прашање без одговор.

Во неговиот прв говор по синоќешната победа, Макрон најави дека во неговата влада ќе има луѓе од двете стари партии но и луѓе од граѓанскиот сектор и дека за него не е важно кој бил лево а кој десно и ги повика сите прогресисти, како што рече самиот, да му се придружат.

Денес никој не знае кој ќе биде новиот француски премиер. Ова досега не се случило.

Французите се изморени од политичарите кои не успеваат да и дадат надеж на Франција па еве му шанса на младиот и релативно непознат Макрон. Некои велат дека Макрон е францускиот Џастин Трудо.

Кус поглед врз неговата програма

Програмата на насловната страна вели дека треба да се пронајде “духот на победата за изградба на нова Франција”.

Макрон е проевропски настроени и вели дека “Европа е во срцето на неговиот проект” а Берлин и Париз остануваат да бидат моторот на ЕУ. Предлага креирање на Европски фонд за одбрана и заедничко финансирање на воените средства за ЕУ. Тој би сакал еврозоната да има свој сопствен буџет и посебен парламент, посебен министер за економија и финансии.

Во системот на избори сака да воведе делумно пропорционален систем или намалување на даноците за фирмите од 33 на 25 отсто. Една од неговите најбитни мерки во економијата е инвестициски план од 50 милијарди евра за во кои се пресметани 15 милијарди за обука и 15 милијарди за еколошка транзиција.

Ветува дека ќе отвори 5.000 работни места за професорите, дека ќе затвори 12.000 места за државните функционери, дека ќе отвори нови 10.000 работни места за полицијата. Ветува дека Франција полека ќе почне да излегува од нуклеарната ера на енергија и дека полека ќе се сврти кон ветерот и сонцето.

А што вели Европа?

За Европа, Макрон е добра вест ако може да се суди според денешните текстови во европските медиуми.

За центар левиот “Гардијан” Макрон е “најдобрата надеж да оваа длабоко вознемирена земја” иако заканата на екстремната десница е далеку од гаснење.

За десниот “Фајненшл Тајмс” тврди дека Макрон ќе мора мачно да преговара за да ја спроведе својата програма ако стане претседател.

За центар левиот германски «Шпигел» успехот на Макрон е «јак шамар за политичкиот естаблишмент; неговиот влез во вториот круг ги избриша, барем привремено, долгогодишните политички партии, голистите конзервативци и социјалистите».

Емануел Макрон претседателски избори Франција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
ФОКУС
April 21, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

ВЕСТИ April 21, 2026

Во телефонско интервју за CNBC, Трамп рече дека верува оти е веројатно продолжување на воените дејствија доколку…

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026

Софија: Првични резултати од изборите – очекувано „Прогресивна Бугарија“ на Радев победник

April 19, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

April 18, 2026
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.