Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕП ракомет 2018: Македонија најверојатно без Лазаров до крајот

0
By Нова ТВ on January 22, 2018 СПОРТ
Фото: cro2018.ehf-euro.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 22, 2018 08:44

Селекторот на македонската ракометна репрезентација Раул Гонзалез по синоќешниот пораз од Шпанија на Европското првенство во Хрватска, изјави дека многу е голема веројатноста дека до крајот на шампионатот го загуби капитенот Кирил Лазаров.

– Цел натпревар одигравме катастрофално. Лошо почнавме и уште по 15 минути губевме седум разлика. Лазаров рано се повреди и мислам дека нема да може да игра до крајот. Нашите шанси без него се многу помали. Кире за нас е многу важен. Ќе видиме како без него, рече македонскиот селектор.

Лазаров го напушти натпреварот во 12.минута поради повреда на десната задна ложа.

Македонија во вторник во 2.коло од втората фаза игра со Чешка.

Прв пораз, но има шанси

Тежок пораз на македонските ракометари на Европско првенство во Хрватска. Шпанија ги разби „црвено-жолтите“ со убедливи 31:20 (15:6) во првиот настап во новоформираната група 2 и ги спушти на четвртата позиција на табелата. Резултатскиот и играчки дебакл можеби доаѓа во вистински момент за националниот тим пред двата преостанати дуела во Вараждин чиј влог е полуфинале на континенталнуиот турнир.

Борко Ристовски беше единствена светла точка на почетокот на судирот со „фуријата“. Неколкупати успеа да ја сочува сопствената мрежа, но недоволно ниту за достоинствено парирање во мечот со фаворитот од Пиринеите. Одбраната беше лесно пробојна додека нападот блед и анемичен и тешко доаѓаше до позиција за удар, но и често се грешеше. Шпанците, пак, не губеа многу време да казнуваат од полуконтри или контри или, подобро речено, да користат секаков подарок за демонстрација на сила, моќ и амбиција за највисок пласман.

Селекторот Раул Гонзалес не можеше да смета на средниот бек Филип Миркуловски, а „удар“ плус доби со повредата  Лазаров. А, мечот дотогаш, резултатски и играчки, беше тргнат во непосакуван правец од кој немаше враќање.

Се што следуваше во продолжение на средбата беше рутинско одработување на Шпанците додека македонските репрезентативци и навивачите имаа, се чини, само една мисла во главите. Што побрзо да изминат 60. минути за насочување кон Чешка, наредниот противник што ги очекува „црвено-жолтите“ во вторник од 18,15 часот. Загубената позиција против „фуријата“ значи и чување на силите за она што претстои како голема веројатност за добивање.

Фигерас, Сораиндо и Соле беше триото што ја предводеше Шпанија против Македонија. Сите постигнаа по пет гола, Стојанче Стоилов и Дејан Манасков реализираа по четири за „црвено-жолтите“.

ЕП во ракомет

Група 2 (Вараждин), 4 коло

Македонија – Шпанија 20:31

Германија – Данска 25:26

Табела: Данска 6, Шпанија 4 (-1), Германија 4, Македонија 3 (-1), Чешка 2 (-1), Словенија 1 (-1).

Идно коло: Словенија – Шпанија (вторник, 18,15 ч.), Македонија – Чешка (вторник, 20,30 ч.).

Понеделник на ЕП

Група 1 (Загреб), 5 коло

Србија – Франција (18.15 ч.)

Шведска – Белорусија (20.30 ч.)

Табела: Франција 6 (-1), Хрватска 6, Норвешка 4, Шведска 4 (-1), Белорусија 0 (-1), Србија 0 (-1).

ЕП ракомет 2018 Лазаров Македонија пораз Шпанија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026
ФОКУС
April 20, 2026Updated:April 20, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

ВЕСТИ April 20, 2026

Бугарската социјалистичка партија веројатно испадна од парламентот.

Софија: Првични резултати од изборите – очекувано „Прогресивна Бугарија“ на Радев победник

April 19, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

April 18, 2026

Техеран: Ормутскиот теснец пак затворен – се бара дозвола за секој брод одделно

April 18, 2026
ТИКЕР

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.