Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕП во кошарка: Чудо на Израел, Финска пак преку екстра баскет

0
By Нова ТВ on September 4, 2017 СПОРТ
Фото: fiba.basketball
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Репрезентацијата на Израел со импресивен кам-бек ја прослави првата победа на европскиот шампионат во кошарка. Домаќинот на групата Б, во рамки на третото коло, ја совлада Германија со 82:80 (по четвртини – 23:18, 20:25, 14:26, 25:11) и во голема мера го поправи впечатокот по малиот број постигнати поени против Италија и тесниот пораз од Литванија.

Триумфот на Израелците е рамен на подвиг ако се има предвид дека во последна четвртина имаа негатива од 16 поени. Меѓутоа понесени од преполната арена и трио расположени кошаркари направија нешто што се чинеше невозможно. Заиграа цврсто во одбрана, го принудија противникот на грешки и удари од неизградени позиции и успеаја „дебелиот“ минус да го претворат во тенок и сладок плус.

Ричард Хаувел имаше ефект од 23 коша, девет скока и седум освоени топки, Омар Каспи заврши со дабл-дабл учинок (20 поени, 11 скока), а Га Пнини додаде 15 во неверојатното враќање на израелскиот национален тим на 28 секунди до крај на средбата. Лидер во германскиот тим беше Денис Шредер со 20 поени, седум асистенции и три „украдени“ топки, одлична вечер и за Даниел Тајс кој забележа по 15 коша и скокови и три блокади.

Финците како претплатени на екстра баскет – по продолженија ја совладаа и Полска  

Фото: fiba.basketball

Финска, еден од ко-домаќините на ЕП 2017, како да е претплатена да игра продолженија во Хелсинки. По изненадувачката победа над Франција на стартот низ екстра баскет, Финците на идентичен начин ја совладаа и Полска во третото коло во групата А со 90:87 (по четвртини – 18:8, 18:24, 16:20, 14:14/во продолженија – 24:21).

Лаури Марканен со 27 коша и девет скока, Петери Копонен со 20 поени беа предводници на финскиот состав до втора победа во групата. Еј Џи Слотер, пак, беше најефикасен кај Полјаците си 18 коша.

ЕП 2017 во кошарка – Финска, Романија, Израел, Турција

Група А (Хелсинки), 3 коло

Финска – Полска 90:87 – по продолженија

Словенија – Грција 78:72

Франција – Исланд 115:79

Табела: Словенија 6, Франција 5, Финска 5, Полска 4, Грција 4, Исланд 3.

Група (Тел Авив), 3 коло

Германија – Израел 80:82

Литванија – Италија 78:73

Грузија – Украина 81:88

Табела: Италија 5, Германија 5, Литванија 5, Грузија 4, Украина 4, Израел 4.

ЕП 2017 Израел кошарка Финска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.