Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕП во одбојка (ж): Србија ја исфрли Романија, елиминации на Хрватска и Словенија

0
By Нова ТВ on September 2, 2019 СПОРТ
Фото: cev.eu
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Србија останува во игра за одбрана на титулата на Европското одбојкарско првенство во женска конкуренција. Националниот тим на северниот сосед во осминафиналето во Анкара, според очекувањата, ја совлада Романија со 3:0 (по сетови: 25:20, 25:17, 25:23).

Составот на Зоран Терзиќ, иако без Тијана Бошковиќ во стартната шесторка, немаше особени проблеми во дуелот со Романките над кои славеше на континенталните шампионати во 2005 година (3:2), во 2011 година (3:0) и во 2015 година (3:0).

Разликата ја направи блокот, елемент што функционираше на задоволително ниво во српскиот тим и пресуди за анулирање на негативата во првиот сет. Бранителките на тронот без осцилации го одиграа наредниот сет, а на најголем отпор наидоа во третиот. Го почнаа без доволно концентрација и енергија и резултатски беа во минус до 14:17 меѓутоа успеаја навреме да се „разбудат“ и со серија од 8:2 да поведат со 22:19 што беше доволно да спречат четврти сет.

Турција во единствениот осминафинален меч во пет сета ја елиминира Хрватска со 3:2 (26:24, 18:25, 31:33, 25:22, 16:14), а Германија со максимални 3:0 (25:21, 25:15, 25:20) ја порази Словенија.

ЕП 2019 во одбојка (ж), осминафинале

Русија – Белгија 3:1 (25:22, 25:15, 21:25, 25:22)

Холандија – Грција 3:0 (25:21, 25:23, 25:12)

Србија – Романија 3:0 (25:20, 25:17, 25:23)

Италија – Словачка 3:0 (25:20, 25:23, 25:20)

Германија – Словенија 3:0 (25:21, 25:15, 25:20)

Азербејџан – Бугарија 0:3 (12:25, 16:25, 23:25)

Турција – Хрватска 3:2 (26:24, 18:25, 31:33, 25:22, 16:14)

Полска – Шпанија 3:0 (25:20, 25:20, 25:19)

Двојки за четврт-финале (среда)

Србија – Бугарија

Италија – Русија

Турција – Холандија

Полска – Германија

ЕП 2019 Одбојка (ж) Словенија Србија Хрватска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.