Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕПП ја усвои резолуцијата за Западен Балкан

0
By Нова ТВ on March 29, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 29, 2017 20:25

Европската народна партија на конгресот во Малта усвои нацрт – резолуција за Западниот Балкан, со која се повикуваат политичките лидери да избегнуваат радикална реторика и дејства кои ги поткопуваат мирот и стабилноста.

Премиерот Емил Димитриев, вината за проблемите во регионот ја префрли кај самата Европска Унија која не ги прима земјите од Западен Балкан.

Поранешниот шеф на хрватската дипломатија Миро Ковач рече дека Македонија и Босна и Херцеговина имаат потреба од помош.

„Го имавме тука претседателот на Босна и Херцеговина, и премиерот на Македонија кои одржаа говори. Овие две држави имаат потреба од помош. Тие имаат потреба од помош и ние треба да бидеме повеќе присутни. Македонија има големи проблеми со формирањето влада, а Босна и Херцеговина е мултинационална држава“,  изјави Миро Ковач, поранешен министер за надворешни работи на Хрватска.

Во продолжение пренесуваме дел од клучните пораки во резолуцијата за Западен Балкан на ЕПП:

„Инсистираме на воздржување од етнички провокации и ги осудуваме сите провокации и агресивно однесување кое претставува закана за стабилноста и мирот, имајќи на ум дека мирот не може ниту да се гради, ниту да се одржува ако е базиран на националистичка, популистичка и радикална реторика. Апелираме дека вадењето на контроверзи од минатото нема да им помогне на земјите во регионот да се движат напред по нивниот европски пат, туку популизмот и национализмот само ќе ги деконцентрира.

Европската Народна партија ја подвлекува својата силна поддршка за европската перспектива на регионот на Западен Балкан и иднината на земјите од Западен Балкан во Европската унија.

Ги охрабрува земјите на Западен Балкан да не губат мотивација и вклученост во процесот на пристапните преговори, туку да ги продолжи неопдходните реформи, имајќи на ум дека Западниот Балкан има јасна европска перспектива и може да се потпре на поддршката на ЕПП. Клучен елемент за овие земји е градењето консензус за ЕУ интеграцијата на овие реформи и напредокот кон ЕУ.

Со оглед на мотото на Европа „единство во диверзитетот“ – важноста од презервирањето на мултиетничкиот карактер на регионот со мирна и плодна кооперативна рамка, препознавајќи дека добрите соседски односи и регионалната соработка се клучни, подвлекува дека сите билатерални прашања помеѓу земјите во регионот не треба да ги деконцентрираат и блокираат од процесот на проширување. Исто така го повторуваме суверенитетот и интегритетот на земјите од Западен Балкан кој мора да биде почитуван и секој обид да се прецртуваат границите во регионот е целосно неприфатлив.

Ги охрабрува сите политички фактори да земат целосен удел во демократските процеси и институции на нивните земји и да се фокусираат на структурни реформи кои на нивните економии ургентно им требаат.

Ја повторуваат потребата и ургентноста на Западен Балкан да се движи напред кон судските реформи и да ја етаблира владеењето на правото и независното и транспарентно судство. Повиците за процесот на декриминализација на политичкиот естаблишмент да бидат зајакнати.

Силно препорачува земјите од Западниот Балкан да ги интензивираат нивните напори во борбата со корупцијата на сите нивоа, вклучувајќи ги политиката и општеството, со нула толеранција.

Силно ја поддржуваме слободата и независноста на медиумите како еден од клучните столбови на демократските општества и останува загрижени за состојбата на медиумите, и остануваме посветени на медиумски плурализам и професионализам во регионот“, се вели во нацрт документот.

ЕПП Западен Балкан Малта резолуција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.