Ерменскиот претседател Армен Саргисјан денеска поднесе оставка, се вели во соопштението објавено на неговата официјална веб-страница.

Во образложението на одлуката се вели дека е донесена поради фактот дека не постојат инструменти за влијание врз внатрешната и надворешната политика.

Минатата година Саргисјан се најде во несогласување и расправии со премиерот Никола Пашинјан за неколку прашања, вклучително и смена на командантот на вооружените сили.