Високиот претставник за надворешна политика и безбедност на Европската унија, Федерика Могерини доцна синоќа ги повика Србија и Косово да покажат воздржаност и разум, по најновото зголемување на тензиите предизвикани по вчерашното неуспешно патување на првиот воз од Белград до Косовска Митровица по цели 18 години.
Маја Коцијанчиќ, нагласи дека ЕУ внимателно го следи развојот на односите меѓу Белград и Приштина во последниве неколку дена, а особено вчерашните случувања со возот.
„ЕУ е во постојан контакт со двете страни по повод вчерашните случувања. Високата претставничка веќе разговараше со српскиот премиер Александар Вучиќ“, изјави Коцијанчиќ за Танјуг.
Таа ги повика Белград и Приштина „да се вратат на дијалогот“, кој според неа, покажал „опипливи, конкретни и позитивни резултати“, како за граѓаните, така и во напредокот кон нормализација на односите меѓу двете страни.
„Дијалогот е единствен начин за решавање на отворените прашање од заеднички интерес“,рече Коцијанчиќ.