Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ го предупредува Трамп: Путин мора да одговара за воените злосторства

0
By Zoran Ivanov on December 1, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 1, 2025 17:33

Висок функционер на Европската Унија предупреди дека мировниот план на Доналд Трамп за Украина не смее да го ослободи Владимир Путин од одговорност за воените злосторства поставувајќи јасна црвена линија за Брисел за каков било иден договор.

Во едно интервју европскиот комесар за правда и демократија, Мајкл Мекграт, нагласи дека разговорите за прекин на огнот не смее да резултираат со тоа што Русија ќе избегне гонење за своите постапки, објави „Политико“.

Коментарите на Мекграт одразуваат длабока загриженост во цела Европа поради нацрт-договорот на САД, кој наводно вклучувал „целосна амнестија за дела извршени за време на војната“ и планови за брза реинтеграција на Русија во глобалната економија. Таквиот пристап кон рехабилитацијата на Кремљ е спротивен на меѓународната осуда на многубројни злосторства, како што се киднапирањето на 20.000 украински деца и бруталните напади врз цивили во Буча, Мариупол и други градови.

Не мислам дека историјата ќе суди благонаклоно за секој обид да се заборават руските злосторства во Украина, рече Мекграт. Тие мора да бидат одговорни за овие злосторства, а тоа ќе биде пристапот на Европската Унија во сите овие дискусии.

Ако го направиме тоа, да дозволиме неказнивост за тие злосторства, ќе сееме семе на следната рунда агресија и на следната инвазија“, додаде тој. „И верувам дека тоа би била историска грешка од огромни размери.

Украинските власти почнаа повеќе од 178.000 истраги за наводни руски злосторства од почетокот на инвазијата. Минатиот месец панел на Обединетите нации откри дека руските власти извршиле злосторства против човештвото со напади со беспилотни летала врз цивили, како и воени злосторства со присилно преместување и депортација.

Не можеме да се откажеме од правата на жртвите на руската агресија и руските злосторства, рече Мекграт. Милиони животи се одземени или уништени, луѓето се насилно отстранети, а имаме изобилство докази.

Додека ЕУ работи со партнерите за формирање специјален суд за кривично дело агресија, а Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на Путин во март 2023 година за нелегална депортација на деца, Трамп и неговиот тим покажаа мал интерес за негово гонење.

Претседателот на САД постојано го опишува својот руски колега во позитивно светло зборувајќи за добри разговори и надежи за нови економски и енергетски партнерства. Двајцата лидери исто така наводно разговарале за организирање хокеарски натпревари меѓу САД и Русија по завршувањето на војната.

Овој тон продолжува и во нацрт-мировниот план од 28 точки што неодамна го презентира тимот на Трамп. Во документот се наведува дека „Русија ќе биде реинтегрирана во глобалната економија“ и се повикува на нејзино враќање во групата Г8, од која беше исклучена во 2014 година по анексијата на Крим.

Планот исто така предвидува склучување долгорочен договор за економска соработка меѓу САД и Русија во клучни сектори, како што се енергетиката, инфраструктурата, вештачката интелигенција и рударството на ретки метали.

Планот на САД исто така предлага постепено укинување на санкциите врз Русија, но европските лидери инсистираат дека одлуката за санкциите на ЕУ е исклучиво нивна одговорност. Сепак, не сите членки на ЕУ го делат истиот став.

Унгарија постојано блокира нови пакет-санкции, особено оние поврзани со нафтата и гасот од кои зависи. Во исто време, истакнати политичари во Германија ја споменаа можноста за укинување на санкциите врз гасоводот „Северен тек“.

 

ЕУ Злосторства мора одговара Путин Трамп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.