Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ ја поддржува Франција во спорот за подморници, прашувајќи дали Америка се врати?

0
By Sashko on September 21, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министрите за надворешни работи на Европската Унија (ЕУ) изразија силна поддршка и солидарност со Франција во понеделникот за време на состанокот во Њујорк на кој се разговараше за повлекувањето на Австралија од договорот со официјален Париз за нарачка за подморници во вредност од 40 милијарди американски долари во корист на американско-британскиот договор. Говорејќи по состанокот зад затворени врати на маргините на годишниот собир на светските лидери во Обединетите Нации (ОН), високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Жосеп Борел рече дека е потребна „поголема соработка, повеќе координација и помала фрагментација“ за да се постигне стабилен и мирен индо-пацифички регион во кој Кина е со голема растечка моќ.

Австралија минатата недела рече дека ќе се откаже од нарачката на конвенционални подморници од Франција и наместо тоа ќе изгради најмалку осум подморници со нуклеарен погон со американска и британска технологија, откако ќе го постигне безбедносното партнерство со тие земји под името АУКУС.

Секако, бевме изненадени од оваа објава, рече Борел.

Одлуката на Австралија ја разгневи Франција, а претходно, во понеделникот во Њујорк, францускиот министер за надворешни работи Жан Ив Ле Дриан ја обвини администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден дека ги продолжува трендовите на неговиот претходник Доналд Трамп за „унилатералност, непредвидливост, бруталност и непочитување на вашиот партнер“.

Соединетите американски држави се обидоа да го ублажат гневот на Франција, сојузник на НАТО, а францускиот претседател Емануел Макрон и неговиот американскиот колега Џо Бајден треба да разговараат телефонски во следните неколку дена.

Ние сме сојузници, зборуваме и не криеме разработени различни стратегии. Затоа постои криза во довербата. Значи, сето тоа има потреба од појаснувања и објаснувања. Можеби ќе треба време, рече Ле Дриан.

Портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки во понеделникот рече дека очекува Бајден да ја „потврди нашата посветеност да работиме со еден од нашите најстари и најблиски партнери за низа предизвици со кои се соочува глобалната заедница“, кога ќе разговара со Макрон.

Не е јасно дали спорот ќе има импликации за следната рунда на трговски разговори ЕУ-Австралија, закажана за 12 октомври. Борел се состана со австралиската министерка за надворешни работи, Марис Пејн, во понеделникот во Њујорк.

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел рече дека му е тешко да го разбере потегот на Австралија, на Велика Британија и на САД.

Зошто? – Бидејќи со новата администрација на Џо Бајден, Америка се врати. Ова беше историската порака испратена од оваа нова администрација и сега имаме прашања. Што значи тоа Америка се врати? – Дали Америка се врати во Америка или на друго место? – Ние не знаме, им рече тој на новинарите во Њујорк.

Ако Кина беше главниот фокус за Вашингтон, тогаш беше „многу чудно“ за САД да се здружат со Австралија и со Велика Британија, рече тој, нарекувајќи ја одлука што го ослабна трансатлантскиот сојуз.

Високи претставници од САД и на ЕУ треба да се состанат во Питсбург, Пенсилванија, подоцна овој месец на инаугуративниот состанок на новоформираниот Совет за трговија и технологија САД-ЕУ, но Мишел рече дека некои членки на ЕУ се залагаат ова да се одложи.

Австралија ЕУ Подморници САД Свет Франција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.