Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ преговори за членство во „кластери“ и со засилено право на вето

0
By Нова ТВ on February 4, 2020 СВЕТ
Фото: livemint.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Предлогот за нова преговарачката методологија на ЕУ до кој дојде „Дојче веле“ предвидува поделба на процесот во тематски групи и право на земјите-членки да ги блокираат преговорите со кандидатите. Државите кандидати за членство во Унијата во иднина ќе преговараат преку шест кластери во кои ќе бидат распоредени досегашните 32 поглавја. Ветувајќи покредибилен и подинамичен процес, во верзијата на документот кој сè уште не е конечен, Европската комисија (ЕК) најавува дека со новата агенда ќе ја поддржи трансформацијата на земјите од Западeн Балкан во функционални пазарни економии кои ќе можат целосно да се интегрираат во заедничкиот пазар, ќе отвори нови работни места и можности, ќе ги подобри бизнис и инвестициската клима, ќе му даде особено значење на владеењето на правото и ќе го запре одливот на мозоци од регионот.

Конечната верзија на новиот план на Брисел за регионот и генерално за политиката на проширување ќе биде претставена утре. Впечаток од последната верзија на документот до која дојде „Дојче веле“ е дека тој во голема мерка ги задоволува француските барања кои беа претставени во нон-пејперот на официјален Париз во ноември во минатата година. Двете клучни барања на Франција во тој документ беа заострување на условите и реверзибилност на процесот, и токму на тие прашања е ставен акцентот и во документот на ЕК.

Клучниот фокус во идните преговори со ЕУ ќе биде ставен на фундаменталните реформи – владеење на правото, функционирање на демократските институции и засилена контрола на економската реформска програма. Со нив ќе започнуваат и ќе завршуваат преговорите. Тоа ќе биде и првиот преговарачки кластер наречен „Фундаменти“, во кој ќе влезат пет досегашни поглавја:

*1. Фундаменти:

(23) Правосудство и основни права;

(24) Правда, Слобода и безбедност; Економски критериуми; Функционирање на демократски институции; Реформа на јавна администрација;

(5) Јавни набавки;

(18) Статистика и

(32) Финансиска контрола

Според ЕК, организацијата на преговорите во кластери ќе овозможи посилен фокус на клучните сектори во политичкиот дијалог и идентификување на најважните и итни реформи во секој сектор. Во основа, во овој дел и нема голема разлика со претходната метологија на ЕУ, затоа што и таа започнуваше и завршуваше со отворање и затворање на Поглавјата 23 и 24. Дилемата дали новата методологија ќе се однесува и на Србија и на Црна Гора кои веќе преговараат, ЕК ја решава со понуда двете земји да продолжат да преговараат во кластери, но со нивна согласност и со почитување на актуелните поглавја.

Фото: euobserver.com

Со новата методологија, како што беше најавено, Брисел предлага мерки за наградување, но и казнување на земјите-кандидати во зависност од нивниот напредок во процесот. Доколку земјите добро и брзо ги имплементираат реформите, можат да очекуваат „поблиска интеграција со ЕУ“ и приклучување кон пазари и програми, како и „засилено финансирање и инвестиции“.

Санкциите, односно реверзибилноста на процесот кој го бараше Франција, се дефинира како мерка која во иднина ќе може да ја донесува Европската комисија, но и земјите-членки. Особено ќе се санкционира назадувањето во фундаменталните услови. Доколку такво нешто се утврди, земјите-членки ќе имаат право да одлучат да запрат преговорите или да бидат суспендирани. Меѓу другите мерки кои ќе му стојат на располагање на Брисел ќе бидат суспензија на финансирањето, со исклучок на граѓанското општество, како и губење на бенефитите од поблиската интеграција, на пример, пристапот до програми на ЕУ и унилатералните концесии за пристап до пазари.

Фото: washingtonpost.com

Останатите пет кластери кои ги предлага Комисијата ги опфаќаат сите поглавја по кои и досега се преговараше. Тие суштински не се разликуваат многу од францускиот „нон-пејпер“ во кој се зборуваше за преговарачки „фази“. За разлика од Париз, Брисел сака уште во вториот кластер да се регулира слободното движење на луѓе и стоки, но прифаќа за земјоделската политика да се разговара дури на крајот на преговорите.

*2. Внатрешен пазар:

(1) Слободно движење на стоки;

(2) Слобода на движење на работници;

(3) Право на основање и слобода на давање услуги;

(4) Слободно движење на капитал;

(6) Закон за трговски друштва;

(7) Закон за заштита на интелектуална сопственост;

(8) Политика на конкурентност;

(9) Финансиски услуги;

(28) Здравствена заштита и заштита на потрошувачи.

Следниот, трет кластер, опфаќа 8 поглавја и наречен е

*3. Конкурентност и инклузивен раст:

(10) Информатичко општество и медиуми;

(16) Даноци;

(17) Економска и монетарна политика;

(19) Социјална политика и вработување;

(20) Индустриска политика;

(25) Наука и истражување;

(26) Образование и култура;

(29) Царинска унија

*4. Зелена агенда и одржлива поврзаност:

(14) Транспортна политика;

(15) Енергија;

(21) Трансевропска мрежа;

(27) Животна околина и климатски промени

*5. Ресурси, земјоделство и кохезија

(11) Земјоделство и рурален развој;

(12) Безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика;

(13) Рибарство;

(22) Регионална политика и координација на структурни инструменти;

(33) Финансиски и буџетски одредби

*6. Надворешни односи

(30) Надворешни односи;

(31) Надворешна, безбедносна и одбранбена политика.

*Предлогот на Европската комисија не е конечен и официјален

вето ЕУ кандидати Методологија преговори членство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.