Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ се согласи со Лондон: Многу веројатно е зад труењето да стои Русија

0
By Нова ТВ on March 23, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 23, 2018 08:19

По долга преговарачка ноќ во Брисел, лидерите на земјите членки на ЕУ постигнаа согласност за ставот кон Русија и нападот во Солсбери, јавува МИА.

ЕУ лидерите преговараа нешто помалку од три часа за Русија и случајот со труењето на двојниот руски шпион Сергеј Скрипал со рускиот нервен агенс „Новичок“ во Солсбери, обидувајќи се да постигнат согласност околу финалниот речник.

“Европската Унија најстрого го осудува неодамнешниот напад во Солсбери“, гласи заклучокот.

“ЕУ се согласува со проценката на владата на Велика Британија дека е многу веројатно дека одговорноста лежи кај Руската Федерација и дека нема друго веродостојно објаснување.“

Токму околу одогворноста се кршеле копјата, некои држави биле резервирани додека не се спроведе истрага. Грчкиот премиер Алексис Ципрас пред почетокот на Самитот предупреди дека треба да се биде одговорен и да се истражи случајот.

Британската премиерка Тереза Меј ги брифирала своите колеги за информациите со кои располага од службите за случајот Скрипал и употребата на руско хемиско оружје, по што земјите членки изразиле целосна солидарност со Велика Британија, без оглед на Брегзит, објаснија лидерите по завршувањето на состанокот.

Тереза Меј ја поздрави изразената европска солидарност, и  по крајот на првиот ден од Самитот изјави дека „Русија не почитува граници, тоа е против нашите заеднички вредности. Тука сме да ги одбраниме тие вредности“.

Хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ, за медиумите порача дека овој речник е „максимумот“ кој можел да се постигне, и тој заклучоците ги оцени како „силни“. Додаде дека тоа е „лоша епизода во односите со Русија“.

Амбасадорот на ЕУ во Москва, Маркус Едерер, ќе биде повикан на консултации назад во Брисел, наведуваат локални медиуми. Не е исклучено Русија да одговори со реципроцитетни мерки, сметаат дипломати.

Лидерите на ЕУ разговарале и за Турција и строго ги осудија „постојаните илегални акции на Турција во Источниот Медитеран и Егејското Море“ и изразија „целосна солидарност со Кипар и Грција“. Советот во заклучоците изрази и „сериозна загриженост“ за притворените грчки војници во Турција и ја повика Анкара да ги реши проблемите брзо преку дијалог со земјите членки.

Поради неочекувано долгите разговори околу Русија, земјите членки посветија многу малку време на Западниот Балкан, информираше хрватскиот премиер.

Во заклучоците кус параграф го споменува претстојниот самит во Софија со акцент на конективноста во регионот и безбедносните и миграциски предизвици, како и потврдувањето на европската перспектива но без споменување на зборот „проширување“ во контекст на Софискиот самит. Повеќе земји членки на ЕУ одбиваат Софискиот самит да биде оценет како „Самит на проширувањето“, брифираат повеќе дипломатски извори во Советот.

Лидерите потврдија дека за проширувањето ќе се разговара на редовниот јунски самит во Брисел.

Лидерите немале време ниту да разговараат за прашањата поврзани за трговијата со Соединетите Американски Држави и новите царини на администрацијата на Трамп врз челикот и алуминиумот.

Иако Трамп вчера најави дека Европската Унија ќе биде исклучена од таа одлука, остануваат неодговорени прашања како тоа дали САД ќе бара нешто за возврат. Дискусијата за трговијата е оставена за денеска. На неа ќе присуствува Тереза Меј, по што таа ќе мора да замине, а лидерите ќе се состанат без Велика Британија согласно членот 50 на Лисабонската Повелба за да дискутираат за Брегзит.

ЕУ Русија Скрипал став
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.